Среда, 22 Март 2023   
„Роден во Македонија, место Москополе - natus in Macedonia loco Moszcopolii“ (2)

1rod122222

Власите немаат своја држава и живеат во разни делови на Балканот: Македонија, Албанија, Грција, Романија, Бугарија, Србија, Во Македонија се уставно признато малцинство, кое брои околу дест илјади жители. Тие говорат посебен јазик од групата романски јазици и се сметаат за потомци на Римјаните и Византијците (Ромеите), а некои ги сметаат за потомци на Античките Македонци. Познати се под разни имиња: Аромани, Цинцари, Куцовласи, Machedoni (Македоњ) и др.

Македонските Власи одамна ја споделуваат историјата на македонскиот народ. Така за време на егзодусот на Македонците по Карпушовото востание во 1689 година од Македонија се иселуваат и дел од влашките семејства. Исто така, селидби има во текот на 18 век, а поголеми селидби од Македонија се случуваат кон крајот на 18 и почетокот на 19 век, поради зулумот на Али Паша Јанински. Голем дел од овие семејства се населуваат на север на територијата на денешна Унгарија, Србија и Романија. Некои семејства се преселуваат и на територијата на денешна Украина. Сите тие по доаѓањетоо на овие територии даваат податоци за местото на раѓање, од кои македонски градови се иселиле, со што ги одредуваат гранците на Македонија.  

Српскиот писател, новинар и генеолог Александар Бачко пишува за македонските Власи кои се населиле северно од Бѕдимпешта, во живописното унгарско градче Сентендре („Белешки за поедини семејства со влашко потекло“, Белград, 2018 година). Тој во својот труд, покрај благородничките, ги опишува и трговските семјства, меѓукои ги опфаќа следните:

„Мартон  - Теодор Мартон, „грчки трговец“ се спомнува во 1775 година во Сентендре. Тогаш веќе 15 години живеел во Унгарија. Роден е околу 1725 година во Москополе (natus in Macedoniae locus Moszkopoli)

Мијакич – Мијакич е семејство од Помаз кај Сентендре. Поедини ограноци на ова семејство се преселуваат во Сентендре. Во 1811 било забележано дека Петар Мијакуч кој е роден во Помаз, неодамна дошол во Сентендре. Презимето на ова семејство упатува на заклучок дека семејството Мијакич потекнува од племето Мијаци во Западна Маједонија (слив на реката Радика).

Нутраски – Михаило Нутраски (Michael Nutraszki) бил во 1775 година „грчки треговец’во Сентендре. Роден е околу 1743 во Москополе  (natus in Macedoniae Locо Moszkopoli), а во Унгарија преминал во 1751 година.

Пачич –Во пописот на Сентендре од 1696 година, се наведува Стојан Пачиа (Staian Pacsia) , за кој се смета дека е можеби родоначелник на семејството Пачич на ова место. Во други населби се јавуваат слични презимиња (Пача, Пачо, Пачу) Во 1698 година во Пешта се спомнува Манојло Пачич  (Mannola Pacsics), Презимето Пачо се сретнува меѓу членовите на Токајската трговска компанија во 1762 година. Носители на презимето Пачу имало и во средината на 19 век во Шандор (Александрово) кај Суботица, како и во Чуруг. Членовите на таа фамилија се сметале дека водат потекло од Блаца Егејскиот дел на Македонија. Познатиот Лазар Пачу (1853 -1915) министер за финансии на Кралството Србија бил по потекло од Шандор (Суботица), а родум  од Чуруг.

Пиперкович – Еден од претците на оваа сентаендревско семејство Петар Пиперкович, бил доселен од Солун во средината на 18 век. Во докуменот „Examina … Graecorum“ од 1775 година се наведува: „ Petrus Bibercovics Incola Szentendriensis annorum 60 ante annos 26 e Turciae loco Thessalonicae egressus duxit uxorem Juditham filiam Mariam Theodori Rasciani Szentendriensis ex qua suscepit proles 3 filium Antonium 5, Michaelem 1, filiam Juditham 2 annorum in domo sua existenses ex privata sua oeconomia vivit“. Предокот на ова Сентедревско семејство Петар Пиперковиќ (Биберковиќ), значи се родил во Солун околу 1715 година. Дошол во Сентендре околу 1749 година. Сопругата му била Србинката Јудита, ќерката на Марија Теодорова. Со неа имал 3 деца: синот Антонио 5, Михаил 1 и 2-годишната ќерка Јудита. Тој живеел во сопствена куќа и од неговата економија.

Попович (епископ Дионисие) – Будимскиот епископ, од 3 јануари 1791 година па се до својата смрт 28 јануари 1828 година, бил Дионисие Попович. Тој пред тоа бил белградски митрополит (од 1784/85). Меѓутоа морал да избега од Белград од Турците. За време на австро-турската војна, Попович извршил извесни услуги на австриската војска. Епископот Деонисије во текот на 1791 година се стекнал со благородничка титула.

Владиката Дионисие Попович бил роден во 1750 година во Кожани, Егејскиот дел на Македонија. Бил елинизиран. Во документите неговото презиме бил пишувано како Папазоглу или како Пападополус, а во србизираната верзија – Попович. Познато е дека тој славел именден наместо крсна слава.

Попович (од Костур) – Тимотеј Попович „грчки трговец“ родум од  Костур, односно Касторија од Македонија (Thimoteus Popovics … Graecus quaestor natus in Macedoniae loco Castoria), се спомнува како жител на Сентедре во 1775 година. Роден е во 1741 година, а во Хабзбуршката монархија дошол во 1751 година.  

Шапа – Тома Шапа или Сапа (Thomas Sapa) бил еден жителите на Сентедре во 1775 година. Роден е во местото Шиписка недалеку од Москополе (natus in Macedonia Locus Szipiszka)   околу 1773 година.Се доселил во Унгарија околу 1755 година.“

Мора да се напомне дека сите кои тогаш се занимавале со трговија, за да бидат испешни во бизнисот, морале да го знаат грчкиот јазик, како што денес доминира англискиот јазик. Иако не биле по род Грци, поради трговијата, тие биле на списокот на „грчки трговци“.

Исто така, мора да се напомне дека Михајло Бојаџи кој во 1813 година, испечатил граматика на „Македонско-влашки јазик“, а за кого пишувавме претходно, откако ја објавил Граматиката, бил анатемизиран и екскомунициран од грчката православна заедница, што можеби е причината зошто ништо не се знае за неговиот живот.

(продолжува)

1TihomirПодготвил: Т.К.   

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.