Четврток, 04 Мај 2023   
„Роден во Македонија, место Москополе - natus in Macedonia loco Moszcopolii“ (4)

1Tihomir Тихомир Каранфилов

Меѓу австроугарските благороднички семејства со потекло од Македонија, покрај имињата на Баичи, Думба, Џика, Иконому, Калинович, Нако и др., се спомнуваат и семејствата Сина и Спирта.  За последнотоп семејство останало забележано декаимало на Дунав повеќе дрвени бродови, фабрика за свила, банки, шпедитерски фирми и т.н. Златниците кои ги заработувале со лопати ги уфрлале во буриња и посебни вреќи, а откако ќе ги запечателе ги носеле во банка.

Српскиот писател, новинар и генеолог Александар Бачко на крајот од својот труд „Белешки за поедини семејства со влашко потекло“ во Австроунгарија, не запознава со  благородничките семејства Сина и Спирта кои се со потекло од Македонија. (А. Б. „Белешки за поедини семејства со влашко потекло“, Белград, 2018 година), Тој меѓудругото за нив ќе напише:

„Сина - Сина е едно од најимотните и највлијателните семејства од влашко потекло. Поедини нивни семејства носеле баронска титула. Семејството Сине воделе потекло од Москополе, од каде претците им се доселиле во Сараево во 1750 година. Во тој град во 1753 година се родил Симеон Ѓорѓи Сина. Од таму семејството се преселило во Славонски Брод, а потоа во Виена, каде во 1782 година се родил Ѓорѓи синот на Симеон.  

Симеон Сина бил угледен, спосебоен и имотен трговец и банкар. За време на континенталната блокада, набавувал памук за европскиот пазар преку Турција од Индија и го зголемил своето богаство.  Во тој период отворил и банка во Сараево. Во 1818 година купил два спахилаци. Тогаш се стекнал со благородничка титула „од Ходош и Кишдија“, по имињата на спахикуците. Симеон Сина починал во 1822 година. Имал два сина Јован и Ѓорѓи.

Јован Сина (1804 - 1869) не бил способен како неговиот татко, меѓутоа сепак бил директор (гувернер) на Австро-унгарската народна банка, претседател на Друштвото за градње железници, Дунавското парабродско друштво и на други поголеми претпријатија.

Братот на Јован, Ѓорѓи Сина (1782 - 1851) бил сопственик на една од наголемите банки на тоа време. Целата трговија со памук и тутун била во негови раце. Јован и Ѓорѓи добиле во 1822 година унгарски, а во 1832 година австриски баронат. Во 1838 година, Ѓорѓи на свој трошок ја  помогнал изградбата на познатиот Ланчен мост меѓу Будим и Пешта, а подоцна станал и основач на претпријатието  Ланчен мост. Тој бил првиот постојан премин преку Дунав во Будимпешта.

Спирта – Семејството првично се презива Спирта, а подоцна Шпирта по се изгледа под влијание на германскиот или унгарскиот јазик. Семејството има потекло од Македонија, од  Сачишта или од Катраница. Постои мислење дека можеби потекнуваат од Влахоклисура во Македонија. Гранки на ова семејство се населиле во Рума, Земун, Сисак, Виена и Русија. Поедини членови на ова семејство биле истакнати трговци. Работеле со трговски куќи во Виена, Цариград и Трст. Во 1778 година во Земун се спомнува името на трговецот Коста Спирта.

На почетокот на 19 век на глас била шпедитерската и банкарската фирма на семејството Спирта. Еден член на ова семејство стално престојувал во Виена, а друг во Земун. На тој начин ги одрживале својите разгранати бизниси помеѓу Земун, Цариград, Трст и Виена. Со губењето на трговската важност на Земун исчезнувале и шпедитерските фирми.

Забележана е сторија дека наводно „куририте кои писмата и парите ги примаа и носеа од Цариград за Виена и обратно, престојуваа кој Спирта (во Земун). Тука ги чекала голема писмена пошта и пари, кои се пакувани во мали буренца, потоа завиткани во вреќи, со многу печати запечатени и сместен во кола. Сите пари, кои биле златни, биле пространи на асури, добро испрани, а потоа откако ќе бил измерени на кантар (не ги броеле парите) со лопати биле сипани во буриња. Така семејство Спирта ги испраќале и исто така ги примале парите.

Истакнати биле три брата од семејството Спирта кои живееле во 19 и почетокот на 20 век. Тоа биле Петар, Павле и Димитрије Спирта. Се мисли дека имале уште еден брат Ѓорѓи кој живеел и работел во Виена.

Царот Франц Јозеф на 18 март 1853 година донел одлука да му додели австриско благородништво на Павле Горги Спирта од Земун. Благородничката повелба царот ја издал во 1856 година.“

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.