Среда, 19 Јули 2023   
ТУШЕ ДЕЛИИВАНОВ, ДРУГАР НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: ТРЕБА ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКАТА СВЕСТ КАЈ СИТЕ МАКЕДОНЦИ - 1936 г.

delimanov

Петар Делииванов - Туше бил македонски револуционер од Кукуш, соборец и другар на Гоце Делчев и еден од неговите најблиски соработници во ВМРО. Во негова статија објавена во весникот „Македонски вести”, тој говори за фактот дека македонската свест постои и треба да се зачува. Делииванов смета дека единствениот начин да се реши македонското прашање е создавање самостојна и независна држава Македонија.

Најбитниот дел од статијата гласи:

„...Засега положбата е безнадежна. Меѓутоа, колку и да е мрачна таа денес, промени сепак ќе настанат... Еве што треба, без да очајуваме, да очекуваме од развојот на работите, поставувајќи си должност да ги насочиме усилбите и дејноста кон помагање и зачувување на македонската свест кај сите Македонци, каде и да се наоѓаат тие, а да ги одбегнуваме сите пречки што ја отежнуваат нашата положба.

Сметам дека, од кажаното овде, се сфаќа оти јас го претполагам решавањето на македонското прашање во неговата целина, и тоа во смисла на создавање од Македонија на една независна, самостојна државна единица, којашто ќе ги прекине сите расправии и непријатности меѓу балканските држави, за да настапи најпосле мир и мирно битисување на тој несреќен полуостров.”

ИЗВОР: „Македонски вести”, 24 јуни 1936 г., бр. 59, стр. 1.

Сѐ ова докажува дека и Делииванов и Гоце Делчев и сите други вистински македонски национал-патриоти имале еден ист идеал - Македонска Држава и утврдена македонска нација.

Тоа значи борба против грчкиот, српскиот, но и против бугарскиот шовинизам.

 

На прво место

News image

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата....

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.