Сабота, 22 Јули 2023   
УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Младите си заминуваат

2mlad

УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Младите си заминуваат, со СДС владее немаштија, граѓаните и фирмите заглавени во кредити одвај врзуваат крај со крај, потребни се промени

На денешниот саем на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусија на тема „Економија“ свое обраќање имаше Драгана Бојковска, член на ИК на УМС која што истакна дека имаме пораст на инфлација во Македонија, се соочуваме со најниски плати, а оваа политика, и даночна реформа на оваа влада не носи само до пропаст каде младите се казнети баш поради овие лоши политики кои што ги носи власта и затоа час поскоро треба да се стави крај на оваа власт на СДС и ДУИ и лошите политики особено во однос на реформите во економијата да запрат.

„Во рамките на караванот  „Иднина за сите во Македонија“ на УМС кој што го спроведовме издржавме и на ова време докажавме дека УМС е секогаш со младите, тука сме да ги слушнеме идеите на младите и да ги поддржиме и да понудиме проекти за млади. Во Македонија сивата економија зафаќа 30 проценти од бруто домашниот производ, тоа е една третина и тоа е поразувачка ситуација за една држава каде што оние кои што чесно работат, плаќаат даноци се казнети на сметка на оние кои што се привилегирани. Имаме актуелен закон за солидарност кој што оваа влада пробува да го вметне а ќе го поврзам со сивата економија затоа што имаме ситуација каде што оние вложуваат капитал, вложуваат знаење оние кои што работаат најмногу се на некој начин казнувани. Сите знаеме дека овие пари кои што владата планира да ги собере во рамки на овој закон дека ќе завршат во тендери во четири очи, сведоци сме на корупција која што владее во Македонија, и владата наместо да сузбива корупција и сива економија таа напротив предлага и носи законски решенија кои што на некој начин поттикнуваат сива економија и корупција. Тоа е поразувачки за секој млад човек кој што сака да остане да живее и работи во Македонија, бидејќи нема мотив своето знаење и капитал да го инвестира тука, и поради тоа се иселуваат младите. Исто така законот за ДДВ и таканаречената даночна реформа на оваа влада со овие измени пробуваат да доведат до покачување на ДДВ-то на над 4 000 прехранбени производи кои што притоа никој не знае на кои производи точно тоа се однесува, а се соочуваме со сериозно лош животен стандард и куповната моќ е сериозно опадната. Имаме пораст на инфлација во Македонија, се соочуваме со најниски плати, а оваа политика, даночна реформа на оваа влада не носи само до пропаст на младите во државата. Младите се казнети баш поради овие лоши политики кои што ги носи власта но час поскоро треба да се стави крај на оваа власт на СДС и ДУИ и лошите политики особено за економските реформи да се запрат“ истакна Бојковска.

Столе Пандов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој во последните неколку месеци работи во осигурителна компанија во секторот продажба и каде што од блиску има можност да види и почувствува дека финансиската состојба на правните и физичките лица во Македонија е многу лоша.

Тој посочи дека македонските граѓани и фирми се во многу лоша состојба одвај врзуваат крај со крај, заглавени се со кредити и рати, дека во Македонија владее немаштија и за тоа не е ни чудно зошто младите лица ја напуштат државата.

„Еве ќе дадам пример, во Македонија каде што правните и физичките лица 30% се осигураат, во Австрија се осигураат 90%. И тоа не е затоа што компаниите и физичките лица не знаат или немаат потреба за осигурување, туку тоа е затоа што не можат да врзат крај со крај. Едноставно владее немаштија и компаниите мораат да скратат на осигурување за да имаат финансии за да си ги исплатат вработените. До пред три месеци работев во поголема банка каде што имав уште подетален увид на финансиската ситуација на македонските граѓани и фирми, каде што истите не можат повеќе да земат кредити, заглавени се со рати, избркани од работа, дадени на извршители. Едноставно, ситуацијата не е како што треба и не е чудо зошто младите ја напуштаат нашата Македонија“, истакна Пандов.

 Линк од видео материјал

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.