|
|
Телеграма на српскиот дипломатски претставник Чолак-Антиќ испратена на 13 август 1903 г. од Софија, Бугарија |
Телеграма на српскиот дипломатски претставник Чолак-Антиќ испратена на 13 август 1903 г. од Софија, Бугарија до Министерството за надворешни работи на Србија во Белград: „Шангов, директорот на ‘Вечерна пошта’ доаѓаше да моли да се пропушти муницијата што е испратена на негова адреса под лажна декларација дека се работи за хартија, и којашто [е] задржана на белградската царинарница. Признава дека таа е наменета за македонските востаници ама уверува дека ова сегашно движење е потполн договор и исклучиво дело на Македонците, дека Бугарија нема удел во него, дека не е вперено против Србите и дека Србија нема интерес да го спречува. Вели дека за ова му се обратил на Свет. Симиќ, ама дека сака да го замоли и претставништвото (српско, б.м.) во името на внатрешната организација. Чолак-Антиќ“ Раденић, Андрија „Документи о спољној политици Краљевине Србије 1903-1914“, Кн. 1, Св. 1, САНУ, Београд, 1991, стр. 293. |