Среда, 13 Декември 2023   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Jас никогаш не можам да бидам согласен со тезата на Ванчо Михајлов дека Македонците биле Бугари. “ (9)

Dragan Vlado Trantalovski Viena 2

По престојот во грчкиот логор Лаврион, Драган Богдановски кон крајот на 1950 година заминал за Јужна Америка. Агентите на УДБА побараа од Богдановски хронолошки да им раскаже за неговиот престој во Бразил, каде останал до 1954 година, како и за неговиот однос со Ванчомихајловистите. Службата сакаше да има податоци за неговиот тригодишен емигрантски живот во Бразил во детали, односно, бараа да им раскаже што работел во Бразил, со кого контактирал, за неговиот политички живот и т.н..

Најпознатиот македонски дисидент и идеен лидер на ВМРО ДПМНЕ, Драган Богдановски во својот дневник го опишува својот престој во Јужна Америка и го истакнува неговиот однос кон Ванчомихајловистите. Имено, тој никогаш не се согласувал со тезата на Ванчо Михајлов дека Македонците биле Бугари и за овој период од својот живот вели:

„Од Грција за Бразилија патувавме со брод во две етапи. Прво со грчки брод до Ѓенова, Италија, а потоа со италијански брод за прекуокеанска пловидба “Кампана“. Во Ѓенова за прекуокеанскиот брод чекавме три дена. Бевме сместени во хотел-пансион. Со нашата група имаше неколкумина од ванчомихајловистичката група од логорот во Лаврион кои работеле за американската воена разузнувачка служба и тие по пристигнувањето на бродот во Ѓенова веднаш му телефонирале на Асен Аврамов, а можеби и на Ванчо Михајлов. Во Ѓенова веднаш дошол Асен Аврамов да се види со своите сподвижници. Тој во нивна чест организирал вечера во еден хотел на која освен сподвижниците беа поканети уште дваесетина повидни Македонци од групата. Меѓу поканетите бев и јас. Во хотелот имаше резервирано специјална сала само за нас, така пред вечерата Асен Аврамов ни одржа говор. Зборуваше како Ванчо Михајлов ја раководел вистинската македонска ослободителна борба за слободна и обединета Македонија, како бил достоен продолжувач на делото на Гоце Делчев и Тодор Александров, неговата историска улога сега станала значителна зашто тој е авторитетот на борец за македонската слобода и ги разобличувал лагите на србокомунистите од Скопје за постоењето на некаква посебна македонска нација. Ванчо Михајлов напишал повеќе книги во кои докажал дека Македонците со векови биле Бугари. Особено во тој поглед била авторитетна неговата книшка “Сталин и македонското прашање“. Истоимената книшка и некои други книги на Ванчо Михајлов на присутните на вечерата беа разделени од Асен Аврамов. Кога Асен Аврамов заврши со својот говор, збор побарав јас, и отприлика го кажав следното: “Секоја му чест на Ванчо Михајлов што се бори за обединување на Македонија, за создавање на македонска држава, но како Македонец јас никогаш не можам да бидам согласен со неговата бугароманска теза дека Македонците биле Бугари. Тие никогаш не биле Бугари, не се нема то да бидат. Неговата брошура “Сталин и македонското прашање“ е претенциозно напишана, во неа лажно е прикажана историјата и етнографијата на Македонија, а антикомунистичката хистерија која во ова време постои на запад, осмислено се користи против македонското национално постоење. Ванчо Михајлов со својата бугароманска национална идеологија ја скинал последната врска што постоела меѓу него и неговиот македонски народ. Ако тој денеска се појави во Македонија со својата бугароманска национална идеологија и малите деца ќе маваат по него со камења. Времето го прегазило Ванчо Михајлов, тркалото на македонската историја отишло напред, Ванчо тоа тркало не може да го врати назад.

Настана молк во салата. Од охрабрувачките погледи што се насочуваа кон мене од многумина од присутните, срцето почна немирно да ми бие во градите. Асен Аврамов беше принуден да ми одговори. - “Момче ти си жртва на пропагандата на родоостапникот Лазар Колишевски. Си читал многу од измамничката литература на таа србокомунистичка банда, но сега се наоѓаш во слободен свет, па имаш прилика да ја проучиш вистината за твоето национално потекло, за твојата бугарска нација. Прочитај ги убаво книгите на Ванчо Михајлов, во нив ќе ја најдеш вистината за Македонија и Македонците“.

“Моето македонство е вродено, тоа е крвно наследство од татко и мајка, немам потреба од литературна потрага по моето национално потекло“ – одговорив.

Кога се разделувавме на тротоарот пред хотелот Асен Аврамов ми пријде и ме праша колку години имам? Му одговорив дека имам 22 години. “Ме чудиш – рече Асен Аврамов

– како ти со твоите 22 години имаш такви научни и теоретски познавања за нацијата. Морало да има некој посебен фактор што те туркал кон постојната литература за нацијата?“. “Тој фактор беше само мојата љубов кон македонската нација кој сеуште е негирана и поробувана“ – беше мојот одговор. Но Асен Аврамов не поверувал на мојот одговор, туку само што пристигнав во Бразилија, од него стигна писмо од 16 на машина начукани страници, адресирани до ванчовистите Коста Хаџи Мишев, Методија Калкашлиев и Топчев, во кој се обидува да им докаже дека македонска нација не постои, дека е исмислена од србокомунистите. Во тоа свое писмо Асен Аврамов зборува како му се згадило од средбата што ја имаше со мене во Ѓенова и им препорачува да не ме примат мене во нивната ванчомихајловистичка организација МПО, зашто јас најверојатно сум агент на УДБА, специјално школуван за таа цел, зошто како сум можел јас на моите 22 години да знам работи од теоријата за нацијата кои се познати само на учени социолози и политолози. Писмото од Асен Аврамов дојде до рацете на мојот пријател Никола Фиданчев и тој ми го даде да го прочитам. Благодарение на тоа писмо веќе знаев што мислат ванчомихајловистите за мене, затоа избегнував секаков контакт со нив, но секогаш работев против нивната предавничка национална политика.

- Ова што ни го кажа сега за Асен Аврамов ќе биде добро да ни го напишеш и тоа што подетално – рече Никола Илиевски. – Напиши го тоа пред да почнеш да пишуваш за твојот престој во Бразилија!...

Милиционерите ме одведоа во мојата келија.

По ручекот почнав да пишувам. За средбата со Асен Аврамов напишав две или три страници. За мојот тригодишен престој во Бразилија напишав 5 или 6 страници. Податоците што се однесуваа на мојот личен живот, работите што ги работев во Бразилија и луѓето кои ми беа блиски. Бидејќи во тие три години освен моето војување со ванчомихајловистичка бугароманска пропаганда не се занимавав со друга македонска политика, немаше и што сега да им пишувам на удбашите.

Утредента во “ловџиската соба“ на катот ги затеков само двајцата иследници: Гогов и Илиевски, Шкатров си беше заминал за Скопје.

- Од твоето пишување за твојот престој во Бразилија – рече Анче Гогов – се добива впечаток дека тие три години си ги поминал во политичка неактивност, што не е карактеристично за еден Драган Богдановски, водата спие но Драган Богдановски не спие.

- Во тие три години јас немав материјална основа за некаква организирана политичка дејност – одговорив. – Секоја нова политичка работа започнува со печатна пропаганда кој кошта скапи пари, а во Бразилија како физички работник, се борев со глад и друга мизерија. Дури во втората и третата година материјално ми тргна подобро и можев да уштедам за мојот повраток во Европа. Но и во трите години во Бразилија, јас не бев национално индиферентен, јас воспоставував врски и се допишував со многу другари од Австралија, Америка, Канада и Западна Европа...’

(продолжува)

1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.