Среда, 03 Јануари 2024   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „ Серум на вистината “ (12)

1XL5

Откако бил изложен на серозна тортура во собата за мачење Драган Богдановски бил пргледан од лекар на СДБ. И покрај повредите здобиени за време на измачувањето, поради кој неможел да застане на нозе, лекарот по детално извршениот преглед констатирал дека е добар. Односно дека испитувањето може да продолжи, но откако Богдановски ќе се одмори. Тоа било знак за агентите во следната фаза на испрашувањето, откако истоштеното тело на Богоевски малку ќе одмори, да употребат „серум на вистината“ и други методи.

За искуството, кога врз него бил употребен најверојатно скополамин или како што уште го викаат „серум на вистината, кој ЦИА започна да го користи во педесетите години на минатиот век, како и потопувањето на главата во када полна со топла вода за време на испрашувањето, Богдановски во својот дневник вели:   

„Како сум се истргнал на креветот така сум и заспал, истоштеноста на организмот дејствува како опиум за спиење. Не можеа да ме разбудат ни милиционерите кога ме тресеа да станам за ручек. Ме разбуди бодеж на игла во вената на раката, над мене беше наведнат удбашкиот лекар, а до него стоеше иследникот Илиевски.

- Водете го горе – им нареди Илиевски на милиционерите.

Милиционерите ме кренаа од постелата и ме исправија на нозете, но тие толку ме болеа што клекнав на колената и почнав да одам на колениците. Милиционерите пак ме кренаа под мишките и ме однесоа во “ловџиската соба“. Не беа изминале ни пет минути откако удбашкиот лекар ми ја стави инекцијата а почнав да чувствувам силни болки во главата. Најпрвин почна да ме стега и боли тилот, местото веднаш зад ушите, силно чувствував како бие крвниот притисок во вените зад ушите, потоа болките проследени со мачнотија, со некаква чудовишна и дотогаш за мене непозната апатија, се пренесоа во пределите на челото и силно ме стегаа. Мислев дека некој ми го стега челото во менгеме или челичен обрач, од челото почна да ми росат капки пот, се испотив во грбот, па дури и во градите, имав чувство дека моето тело, целиот мој организам, го притиска некоја огромна планинска карпа, или дека некоја машина дробалка ми го дроби организмот на илјадници ситни парчиња.

Како во некое бунило или агонија ги слушав гласовите на тројцата иследници кои повторуваа кој знае по кој пат: “Признај дека си работел за Француската разузнувачка служба Ренсењеман женеро, признај дека си давал податоци на разузнувачите Роберт и Арман, признај дека си добивал пари од нив!; признај дека си работел за ЦИА дека си земал пари од Мец и од полковникот Гологанов!“. Иако бев на маки какви што не бил Исус Христос кога бил распнат на крстот на Голготата, додека имав свест во мене одговарав: “Не сум бил агент агент на ниту една разузнувачка служба, нема што да признам“, потоа бев толку истоштен што не можев ни да отворам уста да зборувам. Колку часа се ме држеле во таквата состојба и самиот не знам, само се сеќавам дека милиционерите кога ме вратија во мојата келија.

Моите мачители ме оставија утредента да спијам до ручекот, а по ручекот, кого што јас не го ни погледнав, зашто имав голема мака од гадење во стомакот, пак бев одвлечен во “ловџиската соба“. Главата ме болеше но свеста ми се беше повратила.

- Ајде сега да потпишеш она што вчера ни го призна – рече Тошо Шкатров.

- Ништо не сум ви признал и ништо нема да потпишам – одговорив.

- Значи ти не правиш сите нас сега будали, но ние го снимивме на магнетофон твоето признавање. Судиите ќе го слушнат твојот глас, тие нам ќе ни веруваат.

- Јас сум сигурен во себе дека во свесна состојба ништо не сум признал, а ако нешто сум ви признал под влијание на инекцијата, тоа е диригирано, изнудено признавање, кое нема ништо општо со правата вистина и јас тоа “признавање“ ќе го негирам како изнудено под опојни дроги признавање.

- Како ќе докажеш дека сме те дрогирале?

- Јас ќе ја кажам вистината пред судот, па тој сакал верувал, сакал не верувал. Но вистината еднаш ќе се дознае, како што се дознала злосторствата што ги правел ГЕСТАПО и НКВД кога со своите методи изнудувале признанија на невини луѓе.

- Еве прочитај го записникот од твоето вчерашно сослушување, па го потпиши – ми рече Илиевски и ми даде неколку листа веќе начукани на писачка машина.

Во записникот пишуваше дека сум бил агент на француската разузнувачка служба Ренсењеман Женаро и на американската ЦИА, дека сум добивал пари од француските разузнавачи Роберт и Арман и од американските Мец и Галаганов. За имињата на француските разузнавачи првпат слушнав, Американецот Мец го познавав како претставник на американскиот Колеж Слободна Европа, од кој извесно време добивав стипендија за студии на факултетот за политички науки во Париз, а полковникот Галаганов, само еднаш го имам сретнато сосема случајно во мојот живот. Овој бивш полковник на бугарската царска армија, родум од Пиринска Македонија, кога бев емигрант во Грција регрутираше Бугари и Македонци за шпионска работа за Американската воена разузнувачка служба, ги испраќаше илегално преку граница во Бугарија и Југославија да собираат и донесуваат податоци од воена природа. Подоцна, тој таа работа ја вршеше во Париз, пак за своите господари Американците. Еден ден го затеков во станот на мојот пријател бугарскиот емигрант анархист Иван Рачев Иванов. Иванов ме претстави како Македонец, емигрант, студент во Париз. Моето македонско потекло му послужи како повод на Галаганов да ја започне старата бугарска приказна дека Македонците биле македонски Бугари, дек македонската нација не постои, дека ја измислиле Србите односно србокомунистите. Се искаравме со Гологанов и во протест ја напуштив хотелската соба на мојот пријател Иванов. Им го раскажав ова на удбашите и им реков дека е многу жално што моето пријателство со Иванов го користат да ме направат и соработник во шпионската работа на Галаганов.

- Море ќе си признаеш ти се – рече Тошо Шкатров, туку потпиши го записникот ако не сакаш да те најде нешто уште полошо.

- Јас сум готов да умрам и спокојно ја очекувам смртта, признавање од мене не барајте! – реков.

- Оди Никола наполни ја кадата со вода! – рече Шкатров.

Никола Илиевски отиде во една друга просторија, се слушаше жабуркање на вода.

По извесно време Никола се врати и рече: “Доведете го да го удавиме мамето шпионско негово!“

Во бањата беше загушливо од пареа. Внатре со мене беа тројцата иследници и удбашот лекар. Ме седнаа на работ на кадата бидејќи не можев да стојам на болните нозе и почнаа да ме соблекуваат. Еден ми ја откопчуваше кошулата, друг ми ги теглеше пантолоните. Од водата во кадата се испаруваше пареа. Кога бев потполно гол, ме кренаа едни за рацете едни за нозете и ме фрлија во кадата. Водата беше премногу топла, крикнав од силна болка, но Никола Илиевски ме фати за косата, и ми ја нурна главата под водата. Врелата вода ми навлезе во грлото, почнав да се душам. Во овој миг на живот и смрт претав во водата само со нозете како што прета некое добиче кога го колат. По некое време ми ја извадија главата над водата и додека со силно кашлање мојот организам се обидуваше да ја исфрли водата надвор од мојата внатрешност, иследниците ме прашуваа: “Ќе потпишеш или ќе те удавиме!“. Но бидејќи ништо не одговарав, пак ми ја нурнаа главата под водата. Колку пати се ова точно повтори не бев при свест да бројам, но тоа се повтори барем четири-петпати. Кога ме извадија од кадата само длабокото дишење што излегуваше од моите гради беше знак дека уште сум жив. Не се сеќавам ни кога ме облекоа, ни кога ме однесоа во мојата келија. Утредента кога се освестив кожата по целата снага ме болеше и беше црвена а наместа и претворена во жива рана. Не можев ни да лежам, ни да седам, ни да одам. Милиционерите што ме чуваа гледајќи ме во жалосната состојба беа невесели и некако чудно замислени, некои од нив се обидуваа да си покажат човештина, барем во оние граници кои за нив нема да имаат некакви последици. Ме прашуваа дали сакам вода или нешто друго, дали сакам да одам в клозет и слично. Еден од нив ми рече: “Драгане ова твоето не се ни јаде, ни пие, не се ни истрпува. Господ нека ти е на помош!“. “Бидете вие живи, па кажете на вашите деца како умираат борците за слободна и обединета Македонија!“ – му одговорив...“

(продолжува)

 1Tiho3 Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.