Среда, 07 Февруари 2024   
ОД ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ – „Ако сте Македонци ќе наздравете за обединета Македонија! “ (17)

1XL5

Агентите на СДБ често се користеле и со „серум на вистината“ за да можат да извлечат од Драган Богдановски признание за неговите и активностите на ДООМ. Признај, признај! – постојано било повторувано од неговите мачители. Македонскиот дисидент не очекувал дака ќе го преживее тајниот затвор, бидејќи единствениот начин да остане жив бил да признае.  Маките продолжуваа, а истоштеноста и менталната замореност од Богдановски правеле жив труп, кој веќе не ги ни разбирал зборовите на иследниците. Потоа ќе го оставеле да закрепне, за да продолжат со нова тортура.  По последната серија испитувања, Богдановски бил однесен во седиштето на УДБА во Скопје. За овој настан тој во својот дневник ќе напише:

„ ... Изминаа неколку дена откако излегов од агонијата, а моите иследници не ме повикаа на сослушување. “Што е ова се прашував – чекаат да се оправам малку за да можат пак да ме тортурираат“. Но едно утро во почетокот на месецот август хеликоптерот забрмчи и се спушти на лединката пред мојот затвор. Од хеликоптерот слегнаа иследниците Никола Илиевски и Анче Гогов и веднаш дојдоја во мојата келија.

- Облечи се! – ми наредија – ќе те носиме со хеликоптер во Скопје.

Се облеков и тргнав по инспекторите, но пред да излезам од зградата со црна шамија ми ги врзаа очите за да не ги гледам другите згради наоколу. Ме водеа како што се води слеп човек до хеликоптерот. За да не се обидам да се фрлам од хеликоптерот рацете ми ги врзаа со синџири за глуждовите потоа синџирот го врзаа за едно од железо под седиштето. Седев во положба наведнат и го слушав работењето на моторот од хеликоптерот во лет. По некое време Илиевски ми ги одврза очите и ми рече: “Се наоѓаме над Скопје, ти даваме прилика да го видиш Скопје од висина“... На крајот, хеликоптерот се спушти на една асфалтна површина пред една куќа која имаше изглед на некаков хангар за авиони. Подоцна разбрав дека тоа било на вистина хангар за двата полициски хеликоптери, кој се наоѓа покрај реката Вардар во Идризово, во кругот на факултетот за државна безбедност, само двеста метра од затворот Идризово.

Пред хангарот чекаа три лимузини, од кои во двете видов милиционери вооружено со машински пушки... Мене ме качија во колата која имаше цивилен шофер, а внатре со мене влегоа Аганијан, Гогов и Илиевски.

Пред нашата кола тргна едната кола со вооружените милиционери, а по нас тргна другата кола, пак со вооружени милиционери. Ме носеа во секретаријатот за внатрешни работи на Македонија во населбата Црниче.... На влезот во секретаријатот имаше железна рампа, милиционерите ја кренаа и ги поздравија моите удбашки иследници. Дворот на секретаријатот за внатрешни работи изгледаше раскошен парк, со многу разнобојни цвеќиња и со борчиња од човечка височина. Иако часот беше околу 11, во дворот не видов никаков човек. После разбрав дека тој ден бил сабота и дека службениците за тој ден биле слободни, не работеле.

Ме воведоа во една барака, ама барака која повеќе личеше на некоја скандинавска дрвена куќа отколку на традиционална балканска недоделкана барака. Ме воведоа во една канцеларија, во канцеларијата на тогаш најглавниот шеф на УДБА за Македонија Тошо Шкартов...

Ме понудија и јас седнав во една фотелја...

- Денеска си наш гост и ке зборуваме само како Македонец со Македонец а некако затвореник со своите иследници – рече Шкатров. Од фиоката на својата писачка маса Шкатров извади шише со водка, шише со виски и шише домашна македонска мастика...

- Јас ќе ти налеам виски – рече Шкатров – зашто знам дека за толку кусо време не си ги загубил западњачките навики да пиеш виски.

Полните чаши со виски беа на сите во рацете, тогаш Шкатров праша: “За кого да наздравиме?“ гледајќи ми право во очите.

- Ако сте Македонци ќе наздравете за обединета Македонија! – реков.

- Ај за Обединета Македонија ама во рамките на Титова Југославија! – рече Шкатров.

- Ај за Обединета Македонија сам за себе! – наздравив јас.

Удбашите се погледнаа меѓусебно, очигледно не им се бендисуваше моето наздравување.

Удбашите така да се рече наеднаш ги испразнија своите чаши до дното, и ме тераа да ја испразнам и јас мојата, па да налеат втора тура. Веќе кога бевме кон третата или четвртата тура, кога Шкатров ја отвори темата за која ме довеле во секретаријатот на внатрешни работи во Скопје.

- Останува само два дена до Четвртиот конгрес на ДООМ, - рече тој – Делегатите се собрани во Германија. Делегатите од Австралија Михаил Шариновски, Ристе Ристевски и Доне Димов во моментот се во ресторантот на Јован Исаковски во Бремен. Ние очекуваме дека со твоето донесување кај нас, конгресот нема да се одржи, дека ќе настане паника и збрка и дека Организацијата набргу ќе се распадне. Меѓутоа, изгледа дека сме ги потцениле силите на твоите пријатели, конгресот ќе го одржат и без тебе.

Веста дека конгресот ќе се одржи ме исполни со неопислива радост, радост која јас не знаев да ја сокријам пред удбашите. Одржувањето на конгресот беше морална победа за мене над удбашите и бев горд со другарите што ќе го одржат конгресот и со тоа ќе го продолжат континуитетот на нашето Движење.

- Што мислиш кого можат да го изберат на твоето место за претседател на ДООМ? – ме праша Никола Илиевски.

- Михаил Шариновски – одговорив.

- Зошто токму тој? – праша Анче Гогов.

-.Зашто тој беше мојот кандидат за претседателското место. Три месеци пред конгресот јас го составив рефератот за политичката дејност на ДООМ и им го испратив на поткомитетите и на членовите на Централниот комитет да го простудираат и да дадат свое мислење за него. Истовремено го предложив Шариновски за претседател на ЦК на ДООМ.

- А за тебе за кое место се предложи? – праша Шкатров.

- За политички секретар и за редактор на “Македонска Нација“.

- Значи пак да ја водиш политиката ти? – рече Никола Илиевски. Но знаеш ли ти кој е Шариновски?-

- Знам – реков борец кој за македонската слобода и крвта си ја пролеал и за сиот живот останал инвалид. Чесен и бескомпромисен македонски борец.

- Тој е руски агент, женат а за ќерката на еден советски полковник, жена му скоро секоја година патува од Австралија за Советскиот Сојуз.

- Зашто да не патува, Советскиот Сојуз е нејзина татковина, таму са наоѓа нејзината фамилија – реков.

- Патува таа и по други работи – рече Шкатров – му донесува инструкции од НКВД на Шариновски што да работи. Впрочем ти знаеш дека Шариновски со една делегација од австралиското крило на ДООМ ја посети советската амбасада во Канбера и бараше помош од Советите за создавање на една обединета советска Македонија.

- За таква посета не знам, и не верувам дека некогаш била направена – реков – зашто ако била направена ќе сум бил известен од самиот Шариновски. Тој ми е искрен пријател и соборец.

- Ние сме убедени дека ти си знаел за таа посета, па дури и дека си ја одобрил или инспирирал – рече Анче Гогов. – Затоа и тебе те сомничиме за советски шпион.

- Вие ме тепавте да ви признам дека сум американски и француски шпион, сега ме правите советски шпион! – реков. – Во вашите обвинувања навистина нема никаква логика...

- Она што сум го правел не се ни обидов да го кријам во истрагата – реков. – Зашто јас сум потполно рамнодушен кон казната што ќе ми ја изрече судот.

- Што се однесува до твојата лична судбина, и ние така мислиме, дека си рамнодушен кон казната, но не си рамнодушен кога се во прашање други личности, за нивните дела ја сокриваш вистината.

- Јас одговарам само за моите дела, за туѓи дела не одговарам – реков.

- Ти одговараш за делата на сите домовци, затоа што ти беше нивниот идеолог, ти ги заведе на тој пат – рече Никола Илиевски. Туку сега тоа нешто да го оставиме за другпат, туку да се слушнеме како се развиваат работите околу конгресот на ДООМ.

Испиеното виски брзо го совладуваше мојот истоштен организам, не бев пијан, ни јазикот ми беше премногу “одврзан“, самиот чувствувам дека сум полу пијан...“

1Tiho3Подготвил: Т.К.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.