Среда, 11 Октомври 2023   
Ден на востанието на Република Македонија

den-na-vostanietoДен на востанието на Република Македонија или Ден на народното востание на Македонскиот народ познат и како  11 Октомври е државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбатата за национално ослободување на македонскиот народ. Тоа е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствена државност. Со овој историски чин, македонскиот народ покажал дека на никој нема да му дозволи да го турне на страната на фашистичките окупатори. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку напротив, жешко подрачје за окупаторот на кого му ги расипала сите планови и одиграла значајна улога во целокупниот расплет на Втората Светска војна.


Фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 год. ствараат нови, потешки и посложени услови за југословенксите народи и народности во нивната борба за национална и социјална слобода. Македонија, повторно, е поделена помеѓу германскиот, италијанскиот и бугарскиот окупатор. Тоа уште повеќе ја зголемува трагедијата на македонскиот народ - едно поробување се заменува со друго, потешко и помрачно.

Оруженото востание, започнато на 11 октомври 1941 година, претставува исклучително значаен историски чин во долготрајната народно-ослободителна борба на македонскиот народ.

Држејќи се до принципите на герилското војување, припадниците на Прилепскиот партизански одред "Гоце Делчев" (формиран во месноста Црвени Стени, близу до Прилеп), се распределуваат во три групи, го напагаат бугарскиот полициски участок и затворот и вршат прекин на телефонските врски и електричната инсталација.
Кумановскиот (Козјачки) партизански одред , бил формиран на 12 октомври 1941 годона, во областа Студена вода, а Карадачкиот партизански одред, во областа Менкова колиба. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени.
Активноста на овие партизански одреди е скромна, но претставува иницајлна каписла за продолжување на борбата.

 

На прво место

News image

До 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – Охрид и експресните патишта

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт до 2026-та година ќе бидат завршени автопатот Кичево – О...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.