Среда, 08 Март 2023   
Полибие за Ксантика и прослава на царевите

angelina-markus
АНГЕЛИНА
МАРКУС

 

Митолошкото царство на богови со врховниот бог Зевс, ималo бројно потомство од Хера и од многу други земни жени, најчесто царски ќерки како Европа, Алкомена, Семела и многу други. Потомството на Зевс од многу синови и ќерки раскошно живееле на Олимп, Mакедонската планина и низ царски уредената Македонија. Царската листа на македонските владетели е многу подолга и нивниот живот бил уште пораскошен од божествениот и ако на гозбите и прославите Македонците пиеле црвено вино, а боговите амброзие, напиток за вечна убавина, малдост и бесмртност. Во секој случај боговите и царевите заеднички прославувале со народот. Подоцна тоа е прославата на Ксантика. На пролет, во месецот Ксант, Македонците тргнувале по царските патишта постелени низ цела територија за да стигнат до плоштадите, театрите и светилиштата. Тоа се патишта на фалангата, по кои оделе во пресрет на пролетта, заеднички со царевите и народот да се закитат, да се развеселат и со денови да слават цел месец Март или Ксант. Да ја разбудат зимсаката тапост. Сите брзале да учествуваат во духовноста со употреба на боите на црвено-белите мартинки и цвеќето, да пеат и ора да играат.

Таквите средби му биле познати и на Херодот. Тој кажувал како се славело во 4-ти век п.н.е., во времето на Александар и во 5-ти век за време на владеењето на Архелај. Тој Архелај бил мецена и голем љубител на сите уметници и уметности. На дворот на Архелај живееле и твореле Еврипид, Агатон, Зевскид, Тукидит многу други што побегнале од Атина, каде што биле убивани Македонците како Фидие, Сократ, Пропагора и други. Филип Втори бил познат по веселиот карактер, пиел и ги сакал уметниците, во секој град со театар, да приредуваат изведби по театрите и палатите, богато украсени со статуи, фрески и мозаици. Филип бил многу близок со народот и живеел со фалангата и ја славел Ксантика со боговите и сите луѓе. Пример за тоа ни се театрите во Хераклеа, Стибера, Лихнида и другите градови низ Пелагонија, слични на престолнината Пела. Сите царски градови задоволуваат исти стандарди, а тоа се раскошот и условите за прослави.

Кога царот ќе повика да се слави Ксантика или Даисија, насекаде низ Македонија народот учествувал во свадбите, во натпреварите, во пиење, рецитирање или духовно прочистување, како што се викала целата таа церемонија добиена по убавата Ксантика. Ксантика ја будела пролетта со расцутување и ја будела душата со љубов, на пролет кога се се затоплува.

За празнувањето на Ксантика, Полибие, генерал на Персеј, кој како роб или нов граѓанин на Рим, пишува во својата втора историја како се прославува Ксантика во Македонија. За Македонците нова година почнувала во пролет. Кога се променил календарот нова година се славела во Јануари и се поместиле празниците. Почнало да се слави раѓањето на Христос, како што се славело раѓањето на царски син, со палење на огнови, со гости, со поклони и се друго што ни е познато од славењето, со празници во сите сезони.

Полибие го пишува славењето на Ксантика што го приредил Филип, таткото на Персеј, за прочистување и духовно јакнење на фалангата. По театрите, стадионите, плоштадите, доаѓале војници во полна воена и парадна опрема, во шаренило на бои и цветови. Пролетта била почеток на земјоделски календар и почеток на собирање на фалангата за вежби и војување. Преку Ксантика, духовно јакнеле војниците, напуштајќи го стравот од неизвесноста што ги очекува. Пред царот и народот, под раскинато куче се поминувало со охрабрување и прифакање да се почнат заедничките проаслави што траеле и по недела дена, како што и сега Македонците слават по три дена за Божиќ, Велигден, Духовден и други. Многу свадби и денеска траат по недела дена, по ист ред, како што античките автори, ни ја опишале свадбата на Филип со Олимпија. Канење на сватовите, редење на чеизот, поворки на коњи, возење на поклоните во воловска кола, многу народ со песни и игри, да трештат зурли, тапани и гајди, сите да слушнат видат и учествуваат во свадбите. Сите се кителе во нова свадбарска облека и накит. На белите коњи се ставале црвени килими златни узди и разни украси и момците со сребрени појаси, на нив сабји и во раце китки цвеќе и садови каначки, и бучно извикувале, пречекувани и чествувани од народот во таа парада на убавина, здравје и младост. Воловите и колата што ја возеле Олимпија на свадбата до Пела, уште повеќе била украсена по Македонска традиција за секоја слава во присуство на боите на Ксантика, вкрстени во мартинка на црвени и бели бои со силна симболика за среќа, за љубов, за берикет.

Тоа што Хомер, Јустин, Полибие и многу други го напишале или кажале за прославите на боговите, на царевите, на фалангата со народот во Македонската традиција, не отстапува од Ксантика како празник над празниците и цар над царевите. Понекогаш се појавува нешто ново, како придобивка низ времињата на историјата, во главно се е исто, и во единство со изградените патишта, со свадбите, со славење на царевите, со фалангата, со Ксантика, со народот македонски, закитен со цвеќе и мартинки, го сретнуваме денеска во прекрасните храмови на духовност. Народот и денеска духовно се прочистува со молитва и причест по црквите и манастирите, пред иконите и фреските изградени со иста намена. Тоа е битот, идентитетот на Македонците. Во долгите милениуми на постоење на Македонска држава империја, имало промени во власта, а не во моралот, обичаите и битието. Прославите на Ксантика никнале од потребите на самата пракса и се вградиле во највисоко ниво на постоење на искажување разноврсно прославување, како начин да се совладаат негативниите појави, пречки и секој вид оптеретување на свеста од страв, студ, глад од војни. Духовноста се покажа како силна заштита во потрага на појави, предмети и личности што ја поддржуваат таа заштита. Понекогаш тотеми, амајлии, мартинки, молитви се пропратни појави. Самото чувство на сигурност, слобода, среќа да се биде блиску до природата и луѓето, да се има вера, љубов и надеж, тоа е содржината на македонските прослави. Тоа е спас против секое заплашување, негирање, поробување. Постоиме со гордоста, со светлината на сонцето, со сите симболи, со невидена енергија да се спротивставиме на уништувањето.

Како што Полибие ни опишува, славењето на Ксантика го предводи царот со фамилијата племството и свештенството, со фалангата и народот. И царевите и војниците се дел од народот од фамилиите, од мајките што заеднички слават.

Првосвештеникот на племињата се викал врач, зборот што значел лекар. Така до денеска во Русија се викаат лекарите. Првосвештеникот се грижел за духовноста за осветлувањето за здрвјето на сите. Тој ги предводи сите, ги почитувал и се изедначувал со боговите за да го следи народот. Тој раководел со поворките, со хоровите со музиката. Му се слушал зборот и се почитувал до побожност.

На неколку места во Македонија, археолозите откопаа коли на свештенички од 6-ти век п.н.е со целокупна опрема, украсении разни предмети со мистична сила, го симболизира сонцето на големата мајка, просвештеничка, Ксантика.

Пред Музејот на Македонија стои скулптура на првосвештеничка. Сјае и заслепува. Местото на првосвештеник на Македонија, го прифаќа царот со сета власт за владеење, војување и прославување. Затоа низ целата Македонска историја се гледа единство на царот, војската и народ, тие се усогласени меѓусебно, условени во своето делување. Во тоа била моќта на античката држава и непобедливата фаланга да го обедини светот во една икуменска Македонија, како прва империја. Се што покасно ќе се случува, ќе личи на македонското војување, на Македонски царства, на македонска религија, на Ксантика. Македонските прослави се изразени и одразени во уметнички дела. Посетете ги музеите, тврдините, храмовите да се сретнете очи во очи со сите содржини од животот на Македонците, нивното творештво со неуништлива вредност.

Кога станува збор за македонските прослави, многу автори се навраќаат и споредбено ги поврзуваат и како настани, и со поедини личности. Елементи, за прослава на Ксантика, црпени од митологијата на боговите, што застанале зад судбината на хероите и народот. Исто толку се важни првосвештениците и целкупната реалност со обичаите на луѓето. Прославите на Македонските владетели со најдолга пописна листа наследници, на македонскиот трон, долго се памети низ историјата. Исто толку допринесуваат за зачувување на религиозните празници и зачувувањето на духот во време на прогони на Христијанството, војни, ропства, востанија.

Ќе ги обработиме прославите на богот Дион и царот Александар. Дион (пишуван како Дионис) бил син на Зевс и Семела, ќерка на Кадмо. Неа Зевс ја завел и ја допрел со сончевите зраци преку пукнатини на вратата, каде што се криела во една просторија во дворот. Кога бременоста била видна, љубоморната Хера и рекла на Семела, од ридот Кадмеја, во Теба, да се загледа во Зевс да види дали во него ќе види љубов. Кога Семела го сторила тоа од силната светлина се запалила и изгорела со љубовта на богот испратена од небото. Зевс го грабнал Диона уште жив, недоносен во утробата на Семела и го зашил во својот бут, за повторно да се роди детето надарено со божествена светлина, небески огнови и љубов. Бил оставен да ја буди природата како и Ксантика, да патува низ целата земја, закитен со целата придружба, преправен како што и сега Македонците на пролетните празници се маскираат и одат од куќа до куќа како предвесници на промените. Дион како бог на веселбата го пиел виното, ја ширел светлината, пееле, играле, со музика, сатири, народот, правеле шеги и првите татарски претстави. Во чест на Дион правени се бронзените сатири, што свират и играат, откопани од македонските царски градови. Дион, бахиналиите, игрите, украсите се` се вклопува во Ксантика.

По истите патишта, од Македонија до Индија, со исти прослави поминал и Александар со талентирани тајфи да изградат театри и остават уметност во сите Александрии по светот. Војниците се радувале по патот на сонцето, кога се стренувале со виновата лоза што ја оставил во земјите кога поминувал и пак се враќал во Македонија, Дион со придружбите како што се повторува враќањето на пролетта со ново раѓање и расцутување - Ксантика.

Кај сите автори што пишуваат за Александар и неговиот поход, како пат на ширење на Маекдонизмот ги сретнуваме описите на прославите кај Македонците, успесите, свадбите, украсувањето, со ткаени и везени облеки и рачно правен накит од сребро, злато, скапоцени камења, сјај што уште трае. Сите Антички автори: Аријан, Торг, Плутарх, Курцие Руф и многу сегашни автори се сложуваат во описите на битките, обичиите, градбите и моќта на царот и фалангата. Со сето тоа одат прославите.

Александар со царските другари, загалопираа едно до друго по светот. Сонцето ги водеше, радост ги обземаше, успех ги следеше и славната генерација идни македонски цареви. Алексанадр и се обрати на фалангата, и влеа победничка енергија, им го пренесе сопствениот сјај на сите Македонци, обелечени во боите на сонцето дарувани со светлината на космичкото зрачење. Зрачеа светлина. Сонцето се одразуваше по златните панцири и штитови. Црвената хламида се вееше. Александар прв пред фалангата блескаше, ги поведе Македонците како одечка планина од луѓе и над нив корија од копја, чекореа во победи и успех (од беседа на авторот). Блесокот на Македонците, подготвени за поворки, прослави, патувања, славење, доаѓаа од укарасувањето и душата од самата содржина на живеењето. Македонската изработка на накитот ги содржи симболите на сонцето како розета, цветови, плодови, гулаби, ликови. Тоа се гледа по музеите од златните обетки, маски, појаси, гердани изработени од злато во гранулација и филиграни. Сето тоа е оргинално и уникатно. Накитот и изработката на матерјалите и боите исто така се уникатни, како што е уникатна Македонската божица, големата мајка од неолитот, до денешен опстанок.

МА, таа се грижи за потомството, го покрива со раце нероденото дете, го внесува сонцето во денот, ја обезбедува храната, и се тоа претставува причина за славење на пролета. Уникатноста на божицата МА и нејзиното обожавање се сретнува низ Македонија, со светилиште, тумби и безброј статуетки. Таа е предвесник на Ксантика со уникатнсота на македонските прослави, со многу богати и разноврсни содржини, долго да траат. Многу бројни се статуи од глина на Артемида, Афродита и други,  правени со венец од цвеќе како варијација на Ксантика. На таков начин ги сретнуваме на различни места, елементи на прославите на Ксантика.

Познато ни е и дека, музите закитени со венци од цвеќе играле по ливадите кај Олимп, играле со Дион и играле на Олипм пред боговите. Музите ги веселеле Македонците со звуци на музика од Орфеј и светлиот Аполон ги учел луѓето да свират на гитара. Свирењето и играњето кај Македонците е примено од самите богови, како боженствена дарба за посреќно живеење.

Орото и денеска има голема моќ во изразување на содржините. Треба  само да се води невестинското оро, тешкото, калајџиското, комитското, па да се знае што Македонците знаат па играат. Така и Филип заигра на Херонеа, оро Македонско, да ја обележи победата со помош на Аполон, богот на духовната светлина и Херакле, најголемиот херој, предок на Македонската династија. Филип со аполоновите светилишта и со градењето на Хераклеа им се оддолжи на богопвите и на Македонците. Македонците не ставиле трофеј за победа. Тие биле непобедливи. Нивното славење се правело со победничко оро, со прочистување на војската и поминување под жртвувано куче, како што описот го дава Полибие, кога се слави Ксантика. Тоа го нема кај другите народи, само низ Македонија во ретко сочувана прослава во оргинал. Претсавувањето, жртвувањето, обожавањето на водите реките сочувани од Пелазгите, имиња и обичаи кај древните македонци, играат голема улога во дефинирањето на идентитетот, на народ со голема духовност.

Содржинската игра на ората што сега се играат и песните што се пеат, досегаат до антиката и ни го потврдуваат идентитетот во сите сфери со симболичко значење. Самото оро во круг го потврдува култот кон сонцето што се сретнува на оружјето, накитот, ритуалите во астрономиите на празнување, на рамнодневница, на парите, аплицирано сонце со сите други Македонски симболи и самите пари како сончев диск. Исто така штитот, круг на сонцето украсен со стилизирани сонца. Се е смислено и усогласено во македонските празници.

Две ора познати се од Ксантика. Едното оро наречено Карпеа, симболизира кражба на волови. Таква кражба на волови е опишана во ковањето на оружјето на Ахил, откако Хектор од убиениот Ахилов другар Патрокло. Орото со симбол на крадење волови и цртежот на кражба опшувано во „Илијада“, зборува за разбојничките напади на богатите имоти на Македонците. Како важни случувања си нашле место во игрите и песните на прославите. Другото оро со име Телесиа, претставува воена игра со мечеви слично со комитското. Ритамот, пантомимата, музиката, богато украсување кај сите теми изразени низ игри на прослави и денешните исти траги ни зборуваат за прикриена историја низ уметничкото творештво. Така Македонците кога играле и пееле тоа го правеле за иднината, за нас, да го наследиме најдоброто и најубавото од животот.

Царските прослави и свадби на широко се познати. По тој пример и денеска истоветно се прославуваат. Познати се свадбите на Александар со Роксана, на Филип со Олимпија, на Аминта со Евридијка, на Персеј, на Клеопатра Седма и многу други. Во сите тие царски свадби се зборува за раскошот и богатата трпеза, заедно со народот, кога слават сите, покажувајќи ја духовноста, среќата, љубовта и усогласеноста на сите слоеви на општеството, како народ. Тоа е Ксантика. Познати се прославите на Архелај учеството на племството во ловот, собирите на уметниците под мецена на царот и нивните уметнички дела оставени во мозаици скулптури, стели, пишувани драми и други дела.

Постојат многубројни записи на мермер низ градовите на Филипа од Хераклеа, Стибера, Пелагонија, Хискана, Лихнида, Алкомена, Стоби и многу други ископини од други места. Постои сочувана плочата од Алкомена, каде што со указ царот бара да се организираат промени за Даисија, денот на задушница, каде што ќе присуствува лично Василевс Филип. На друг запис на сочуваната плоча, опишано е со што се послужува народот на помените, дури даден е рецепт на колач со мед и ореви. Во литературата, исто така се опишувани обичаите на погребување и полевање со вино. Многу почит и цвеќе се оставаат со сочувство за починатите кај народот, за обичниот човек и великаните. Погребувањето на Хефестион, погребната поворка на Александар, гробницата на Филип, го покажуваат целиот раскош на живеење во цела Македонија. Знае ли светот уште колку такви гробници не се откопани и на колку долга листа на македонски владетели треба да се испишува Македонската историја или така паушално ќе не` негираат.

Спомените долго го задржуваат потребното сеќавање на настани и личности.

Сите литургии во црквата, сите државни празници не водат кон меморативно освежување на минатото, одбележани со прослави што се паметат.

Роденденот на Гоце Делчев, секоја година се прославува во дворот на црквата Св.Спас пред гробот. Се собира народот од сите градови на Македонија. Доаѓаат највисокото свештенство, државниот врв на претседатели, министри, градоначалници, Темелко градоначалник на Македонците од Пустец во Албанија со бројна делегација. Доаѓаат Македонци од Сандански, Бугарија и претставници на Светскиот Македонски Конгрес, по светот во сите прилки предводени од претседателот Тодор Петров. Со години, поединци на оваа манифестација и прославите на Илинден во Крушево, со многу народ, се редовни посетители. Сите сакаат да ги слушнат беседите на великаните, да го слушнат пеењето на свештениците и хоровите, црковната музика и положувањето на цвеќе со пистет. Атмосфера на прославувањето на Ксантика во денешни услови, тоа е континуитет што го продолжуваме.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.