Среда, 26 Јуни 2024   
Серски конгрес - 29 јули 1905

 

Sandanisti_IMAROСерскиотконгрес на Серскиот револуционерен округ е последен конгрес од низата конгреси на Македонската Револуционерна Организација по Илинденското востание па се` до свикувањеото на општиот Рилски конгрес.

Конгресот започнал со работа на 29 јули 1905 година во месноста Белемето, во Пирин и траел околу 8 дена.

На него присуствувале 25-30 делегати, а меѓу нив поистакнати биле: Јане Сандански, Стојо Хаџиев, Ѓорѓи Скрижовски, Лазар Томов, Тодор Поп Антов и други. Покрај нив присуствувале и неколку гости.

 

Конгресот посебно се посветил на разгледување на извештаите на делегатите за положбата на Организацијата и населението.

Било заклучено дека организациската мрежа која била заслабена е повторно зацврстена, разврзана е интезивна дејност, духот на населението е бодро, а целото револуционерно движење станало поцврсто.

Конгресот дискутирал и за раководството, а за војводи биле избрани Јане Сандански - Мелничко, Таската Врански - Серско, Скрижовски - Разлошко, П. Милев за Неврокоп, Дедо Илија Крчовалијата и Хаџиев за Демихисарско и Ичко Бојчев за Горноџумајско.

Дополнително кон тоа бил направен избор за учители по селата и градовите, да се засили агитацијата меѓу другите националности и да се засили просветната дејност.

Било посветено внимание и на економските прашања, а меѓу другото било решено да се присилуваат чифликсајбиите да ги продават своите чифлизи, селаните да ги откупуваат и на тој начин да се ослободаат од чифлигарските односи и да си ја повратат земјата.

Во однос на Империјата било решено да се бојкотираат нејзините финансиски мерки како што е собирањето на десетокот.

На крајот на својата работа делегатите избрале претставници за општиот конгрес на Организацијата.

 

Извори

  1. ХристоСилянов, "ОсвободителнитеборбинаМакедония", томIIСледъИлинденскотовъзстание, ИздателствонаИлинденскатаорганизация, София, 1943. (бугарски)
  2. Документизаборбатанамакедонскиотнародзасамостојностизанационалнадржава, томеден, УниврзитетКирилиМетодиј - Факултетзафилософско - историскинауки, Скопје, 1981
  3. Историјанамакедонскиотнарод, книгавтора, издаванипНоваМакедонија - заедницазаиздавачкадејност, книги, периодикаипублицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.