Среда, 10 Ноември 2021   
Преподобен Никодим Прилепски и Тисмански

stnicodim2Преподобен Никодим е роден 1320 година во градот Прилеп, во Македонија. Од детството бил воспитан во благочестието, а како многу надарено момче вредно ги изучил науките. Проучувајќи го Светото Писмо и православното богословие, тој од сета душа го засакал монашкиот живот и го молел Бога да го удостои со монашки чин.

Со некои монаси од светогорскиот манастир Хиландар заминал на Атос. Кога стигнал на Атос, во градината на Божјата Мајка, преподобен Никодим прво се подвизувал во манастирска заедница, а потоа својот подвиг го продолжил сам во некоја пештера во близина на манастирот Хиландар. Оградуван со Христовата благодат, заради своето смирение, ја познал дејственоста на светата молитва и се удостоил со дарот на пророштво и чудотворење. Така станал познат меѓу монасите на Света Гора.

Во 1341 бил ракоположен за јероѓакон, а во 1343 за јеромах. Како игумен на манастирот Хиландар, преподобен Никодим придонел тоа братство да достигне до стотина монаси, поучувајуќи ги сите во стравот Божји и хранејќи ги со учењата од Светото Писмо. Бил искусен учител на Христовата молитва, голем богослов и духовен отец на многумина, па како таков бил избран и за прота на Света Гора. Многу пустиници, монаси и игумени оделе при него за совет и душополезен збор, а бил многу почитуван и од кнез Лазар.

Во 1375 година, преподобен Никодим посредувал во Константинопол за разрешување на конфликтот меѓу Српската Црква и Константинополската Патријаршија, кој настанал по едностраното прогласување на српската Црква за патријаршија во 1346 година. Иако отишол со делегацијата само како преведувач, патријархот Филотеј и царот биле восхитени од смирeнието и мудроста на преподобниот. Преподобен Никодим со светоста на неговиот живот дал значаен придонес во одлуката на Константинополската Патријаршија да ја укине анатемата со која ја осудила Српската Црква. Потоа, од Света Гора со неколкумина ученици отишол на југ крај Дунав, близу Видин, во Бугарија, каде што основал две мали монашки заедници: Вратна и Манастирица.

Во 1364 година преминал во Валахија (денешна Романија) и се населил на брегот на реката Водица, каде што била испосницата која ја основале валахиските монаси. Таму преподобен Никодим, со помош на владетелите Влајку Вода (1364-1377) и Раду (1377-1384) и подвижниците кои живееле во тие предели, изградил келии и храм посветен на Свети Антониј Велики, кој бил осветен во 1369 година. Манастирот Водица потоа бил богато даруван и утврден со владетелска хрисовула, во која меѓудругото, пишувало: „По смртта на кир Никодим, никој да не поставува на тоа место старец – ни владетел, ни архијереј, ниту кој било друг – туку како што Никодим ќе нареди и постави, така монасите кои таму живеат да почитуваат и тие самите за себе да поставуваат старец“.

На брегот на реката Тисмана, (каде уште на почетокот на XIV век се подвизувале многу подвижници собрани околу црква посветена на Успението на Божјата Мајка), преподобен Никодим, на местото наречено „Водопади“ го изградил војводскиот манастир Тисмана, исто така посветен на Успението на Божјата Мајка, со помош од влашките владетели Раду I и Дан I, во периодот 1377–1378 година. Големиот старец таму го основал познатото манастирско братство со десетина монаси, го помагал одржувањето на подвижничкиот живот на бреговите на Тисмана и поставил правила на заедничкото (киновиско) монашко живеење, според правилата на Света Гора. Откако околу него се собрале неколку одлични монаси, во тисманскиот манастир основал школа за калиграфи и препишувачи на црквени книги. Таа школа била прочуена ширум Балканот. Оттаму преподобен Никодим ги раководел сите манастири кои ги основал и се допишувал со игумените и учениците од Атос, Србија и Влахија, па и со патријархот Евтимиј од Трново, притоа покажувајќи се како голем богослов и духовник.

Пред староста, свети Никодим го доверил раководењето на манастирите Водица и Тисмана, на својот ученик Агатон, а тој меѓу 1399 и 1405 година се повлекол за подвизи во една пештера над манастирот. Таму преподобниот се подвизувал во текот на седмицата со пост, ноќни бдеења и постојана молитва. Само во Недела и на празници слегувал од пештерата во тисманскиот манастир и служел Света Литургија. Потоа, на средбите со народот и отците поучувал со боговдхановени зборови и повторно се враќал во пештерата.

Името на свети Никодим Тисмански се прочуло и од другата страна на валахиската земја, заради неговиот свет живот и дарот на исцелување од секоја болест. Манастирските преданија говорат дека многу болни се исцелувале уште со самото пристигнување во манастирот. Други се исцелувале преку молитвата и благословот на преподобниот или само со допирот на неговото расо. Меѓу оние кои ги исцелил свети Никодим е и ќерката на кралот Сигисмунд.

Пред крајот на XIV век, свети Никодим Тисмански со неколку ученици во долината Жиуа го основал манастирот Вишина, посветен на Света Троица, а на местото каде што имало стара испосница. Во 1400 година го оснивал манастирот Прислоп, кој подоцна е наречен Горен Силваш, во пределите на Хунедоара, исто, посветен на Света Троица, со помош од владетелот Мирчеа Стари. Во тој манастир преподобниот се подвизувал неколку години. Таму своерачно напишал едно словенско Тетраевангелие (1404-1405), кое до денес се чува во Националниот историски музеј во Букурешт.

Свети Никодим Прилепски и Тисмански се претставил во небесниот и неминлив живот на 26 декември 1406 година. Неговите свети мошти биле погребени во црквата на манастирот Тисмана.

Кога Бог ги прославил неговите мошти кои се покажале полни со божествена благодат, мироточиви и исцелителни, тие биле извадени, положени во ковчег и поставени во црквата која ја изградил свети Никодим – а каде што почиваат и моштите на свети Григориј Декаполит – во светиот манастир Бистрица.

По многу години валахискиот владетел сакал да ги земе моштите на светителот од манастирот Тисмана и да ги однесе во Букурешт. Но, се покажало дека тоа не било волјата на светителот. Имено, свети Никодим се јавил во сон на некој монах, заповедајќи му да каже на игуменот да ги скрие неговите мошти, а само еден прст да остави заради верните. Исто така, му се јавил и на игуменот, заповедајќи да направи како што му рекол монахот. Игуменот зел еден прст и миро од светите мошти и го ставил во ковчеже заедно со оловниот крст кој светиот го носел околу вратот. Тој крст се наоѓа во манастирот Тисмана до денешен ден но, миро никому не му е дозволено да зема, туку само може да се целива садот со мирото.

Така моштите на преподобниот биле скриени и чувани многу години, а за тоа знаеле само игуменот и еден монах од манастирот. Моштите останале скриени до денешен ден. Преку останатите парчиња мошти на преподобен Никодим до денес се случуваат големи чуда. Демони се изгонуваат од луѓе со повикувањето на името на светиот и разновидни исцелувања се даруваат на оние што со вера пристапуваат кон свети Никодим. Заради неговите молитви, Христе Боже, помилувај и спаси нè. Амин.

Тропар, глас 1.

Родениот од Дева, Началникот на Пастирите, го следеше, отче наш Никодиме. Со пост, бдеење и молитви, стана жител на небото, исцелувајќи ги душите на оние што со вера ти пристапуваат. Затоа велиме: Слава Му на Оној што те прослави и сила ти даде; и преку тебе дава исцелувања.

Кондак, глас 8.

Беше на земјата како ангел во тело и како дрво насадено крај вода на воздржанието. Ја изми скверната со потокот од своите солзи и стана божествено престојувалиште и чудотворец. Го изгаси огнениот пламен и тој не те допре. Бог те прослави и од Него како награда го прими небесното царство. Него постојано моли го, да ни дарува простување на гревовите, нам што со љубов го празнуваме твојот свет спомен.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.