Среда, 04 Октомври 2023   
„Огледало“ за селаните и попот во тетовско

КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ,  (1816 година)

kiril-pejcinovic„Гледам, во једни села, да чува Господ! Диб грубо! Ни христијани можам да ги наречем, ни пак неверници. Великиј петок и Велика субота јадат и пијат, у великиј пост хора играат... Давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден Велик-ден причесна чекаат. А попот узел - осом села попуат, каде понапред да стасат. Трчат од село на село со мензул (поштенски курир, н.б.) носит светии тајни.

А једни сиромаси христијани дури ги жалим, зошто само полдне стоат и чекаат попа да му донесе причесна. И викаат: „Се забави попот, тоа му било, она му било”! Другите пак велат: „Ајде да му се натепамо, ки (та, н.б.) уште еднаш да не се забават”! А једни чорбаџије што са, мало по зенгини (богати, н.б.) како кметинке, пак тија велат: „Не така, да го собрале вкуп - да идемо, да однесемо овен на агата или пашата, да му аливерисамо ќотек, јем да го напудимо, да земемо друго-того попа, ако е подалеку со куќата. Пак други кмет велит за друго того попа: „Каков флобар јест и тој поп многу земат, махни го тамо. Овој поп се забават, ама помало земат, јем вересие пеет, чекат за паре со години. А другиот поп со Турци си земат хакот, ако му не платиш”.

Кој тако велит, кој другојаче аслиќелам (туку, н.б.) свите хулат на попот што им јест законик, што крстил во името Свети Троици и ги венчал, и ќе ги закопат и што им је татко и поголем од родител негов. Не постат како што се постит и на попа хулат, и причесна чекаат до полдне. И ја гешниј и недостојниј  во иеромонасе Кирил што сом погрешен от сите них много и много и прекомного, и уште грех сторих што ги осудих - создание и раби божји и браќа наши осудих - јер не се поносујем со них, да не даде бог, токо ги жалим јер ги учим, јер се молим Богу Христу спаситељу нашему, и молим да ги поставит на пуст истиниј и да ги извадит от темнину у виделина и вси христијани да спасит и нас помилует, амин; - и ја грешниј… И видох така каде зборат, видох, не берендисах и им рекох:

„Зошто христијани чекаме до полдне? Не ли, надробите леб и сипајте вино на лебец, да ни попа чекајте, ни пцујте го, ни тепајте го, ни глоба дадите стоката, јадите си ја сами, зашто на забит да ја дадете глоба? Тија ми велаат: „Попот што носит велиј ден, што ни дава нам тоа не јет леб и вино, токо јест крв Христова. Затоа и чекаме до полдне, зере сме чуле од стари - без неа не може човек да биде жив”?

Ја им велим: „Кој ви кажуе така, дали попот”? Тој ми велит: „Бре, попот досега никаква реч не ни казал, от негова уста това не излага никогаш. Њему кажи му со нас барабар да идет на свадби, на теферич, на хора, на лов, на сехер (забава, н.б.), на потера, на алиш-вериш (земање-давање, н.б.), да прекупи да препродаде, а за поучение ни мије го прашаме ни он сам ни кажует”.

И ја грешен гледам од обете страни кабает: и од христијаните, зошто не прашаат попа, и од попот зошто сам не ги поучует помало, колку јест кадир, колку знает, толку нека каже: гледам, касавет не му је за нуаријата (грижата, н.б.) што ја зел, на шија му виси”.

Кирил Тетоец Пејчиновиќ, Книга сија зовамаја Огледало..., Будим, 1816, стр.100-104; Кирил Пејчиновиќ, Собрани текстови, прир. Б.Конески, Скопје 1974; Крчовски-Пејчиновиќ, Избрани текстови, Скопје 1963, стр.74-75

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.