|
|
За училиштето во Скопје и учителствувањето - 1852 |
„...Пред две години добивме за учител некој Јордан Константинович родум од Велес, навистина човек млад но полн со енергија и силна родољубивост, и почна нашите деца вредно да ги учи на Словенско четмо. Прекумерно зарадувани од тој успех, почнавме со најголема желба да ги запишуваме нашите деца во тоа младо училиште... Но, бидејќи поради ова наше училиште, Грчкото училиште остана скоро празно, зашто секој родител сака неговото дете нешто да научи на мајчиниот јазик, па после ако стигне, нека учи и на странски, а Грците, навредени од тоа, почнаа против нас и нашиот учител јавно да ропстаат, и тоа роптање најпосле се претвори во јавна расправа...” НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ (1852 година) „Шумадинка”, Београд, бр. 5, 1852 година |