|
|
Македонското претставништво во Софија се грижи за македонците во пиринскиот дел на Македонија и во Бугарија |
(29 септември 1944 година) Записник бр. 1 од Привременото претставништво на ДФ Македонија во Бугарија (претставник бил Кирил Миљовски, н.б.), со задача да го претставува Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија пред бугарската Влада, пред Националниот комитет на О.Ф. и пред македонската емиграција во Бугарија, бидејќи тоа полномошно е всушност и од Президиумот на АСНОМ… Комитетот реши да се именува Привремено Македонско претставништво во Бугарија. Како главна задача на претставништвото е како што следува: 1. Грижи за побрзо и поголемо набавување оружје, облека и сл., како за бригадата “Гоце Делчев”, така и за војските… 2. Раководство и контрола над бригадата Г. Делчев и врбување доброволци за македонската војска; 3. Организирање пропаганда општо и поспецијално среде емиграцијата; 4. Специјални грижи за бугарска Македонија - Г. Џумајска област; 5. Примање на Македонскиот научен институт - Народниот дом, на ул. Пирот бр.5. Уредување на прашањето на Македонскиот научен институт, Македонската Народна Банка и други прашања од таков карактер... ДАРМ, Ф: Привремено македонско претставништво во Бугарија, Проколна книга, стр.1-3 |