Среда, 18 Октомври 2023   
Средба и разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев- Февруари 1896

 

Разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев:

G_DelchevГенерал Николаев

– „Значи вие, младичок, сметате дека македонското население е способно да се бори, да подига револуција? Детски работи прикажувате, вие, момек! Тоа е ропско население. Вашите планови јас не можам да ги прифатам, ниту сакам да ги слушам. Каква организација Вие сметате да создадете таму? Револуционерна? Внатрешна? Македонска? Глупости! Глупости! Глупости! Има само една организација – тоа е Врховниот комитет. Јас Ви гарантирам дека кога ќе му дојде времето, ќе поведам 20-30 илјади резервни војници. Co мене се официрите. И тогаш ќе подигнеме востание во Македонија и ќе ја ослободиме. A co селани, со селани ништо сериозно не може да се направи. Тие се робје…“

Гоце Делчев

– „Беа робје, господине генерале, но веќе не се. – Значи Вие откажувате каква и да е работа внатре? Според Вас…“

Генерал Николаев

– „He, не откажувам, при извесни услови. Внатрешната работа е неопходна за нас, за Врховниот комитет. Преку неа ние ги заплашуваме политичарите во Бугарија и дипломатите во туѓина, секогаш кога ќе стане потреба. Затоа можеме да ви дадеме помош, но при услов: ќе не слушате и надвор од Турско нема да преземате ништо. Целокупната политика ќе ни ја оставите нам. А што се однесува до вашата работа внатре, ние ќе ви кажеме кога, каде и што ќе правите. Освен тоа, кога треба да се подигне востание во Македонија, ќе решиме ние. Освен тоа… Ние…“

Гоце Делчев

– „Тоа нема да биде, господине генерале. Вие, како што разбирам, – тоа е Врховниот комитет и уште некој… He ние, ние не сме согласни со тоа, што го мислите Вие за Македонија. Ние, знаете кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту пак ќе дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога ќе се подига востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од овдека, за да не внесете, како што се обидовте лани, во игpa на востание. Сега една таква авантура може да биде страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе возбуден и делумно вооружен. Тој може да се предаде на измамата, а тоа ќе чини реки од крв и планини од трупови. Ние нема тоа да го дозволиме. He, крвта на народот е скапа и не сакаме трупови, туку сакаме ослободување, а живиот народ сака да живее и да расте.
- Гледам дека Вие не ги познавате условите во Македонија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат и да ја остават Внатрешната Револуционерна Организација да организира, да раководи, да решава. Ние сметаме дека од Вас – од комитетот и од емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, a уште помалку господари“.

Генерал Николаев

– „Како смеете! Вие не знаете ништо за меѓународната ситуација. Јас имам писма од туѓина. Ние ќе решиме кога е моментот да се дејствува. Дали разбирате? Ние ќе го имаме врховниот збор, а ако сметате да ни пречите – а ако ни пречите, ќе ве парализираме“.

Гоце Делчев

– „Повелете – или вие нас ќе нè парализирате, или ние вас“!

Напишано од Дедо Варадин: Лоза

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.