Среда, 10 Јули 2013   
Борби со Српското четничко движење

Првата српска чета била формирана по Мајскиот преврат од страна на Милорад, Васе Јовановиќ и Лука Ѓеловиќ. За војвода на оваа чета бил поставен Илија Славе, а за негов помошник бил назначен Ангелко Алексиќ кој бил со потекло од Гостиварско.

Првите чети биле формирани од Македонци и тоа од Кратовско, Кумановско и Порече. За водачи на четите во почеткот биле поставувано старите арами, постепено биле назначуваи и офицери од српската војска, а за прв српски војвода во Македонија бил назначен Мицко Крстевски.

Прв организатор на четничка акција на теренот бил Аксентије Бацетовиќ. Тој воспоставил два горски штаба за Источното и Западното Повардарије, ваквата поделба останала се до Балканските војни.

Први раководители на овие горски штабови биле полковникот Илија Јовановиќ-источно поварадрие и капетанот Сретен Рајковиќ за западното повардарие.

Раководителите на горските штабови биле бирани од младите офицери кој сакале да учествуваат во движењето, а тие морале да поднесуваат извешатии до Централниот комитет.

Ранетите и болните четници кој не можеле да бидат префрлени во Србија биле згрижувани по србоманските села во Македонија, а просториите на српскиот конзул во Скопје, др. Михаил Шушкаловиќ ги лекувал со што почнало да егзистира илегална четничка болница.

Четниците исто така биле лечени и во интернатот на српската гимназија во Скопје, а биле прифаќани и од српските хуманитарни друштава како што биле: Српски браќа и Коло на српските сестри.

Во периодот 1901-1903 година, а особено по Илинденското востание и Мирцштешките реформи, српската пропаганда неколкупати се обидела да создаде свој воружени чети на територијата на Македонија.

Една од најголемите пречки за продор на српските чети била Македонската револуционерна организација и нејзините чети кој не дозволувале на нејзината организациска тероторија било какви други воружени чети ако не припаѓале на Организацијата.

Во 1903 година офицерите Петар Пешиќ и Воислав Танкосиќ се преоблекле како трговци со жито и така патувале низ Македонија. Нивната цел била да се запознат со теренот и да агитират меѓу тамошното население.

Особен успех постигнал Танкосиќ тој во 1904 година создал канали за оружје и муниција на релацијата Врање-Скопје-Прилеп-Битола-Порече со што го олеснил навлегувањето на српските чети.

Во 1904 година Милорад Гоѓевец и Лука Ѓеловиќ ја создале првата чета која се состоела од 23 четника на чело со Ангелко Алексиевски (иќ) родум од Мидинци кај Кичево, а таа била предвидена за Порече.

На 12 мај таа заминала од Белград, а во Врање четниците до 21 мај биле обучувани. По обуката, четата била упатена кон Македонија, а за нејзниното преминување преку границата биле задолжени капетанот Рафајловииќ, мајорот Крсте Смилјаниќ и капетанот Добривое Павловиќ, главен предводник им бил идниот велешки војвода Василие Трбиќ.

Четата на 25 мај се нашла кај реката Пчиња, притоа војводата Алексиќ убил еден албанец бидејќи не сакал да ги пренесе преку реката, а за тоа дознал кајмакамот на Куманово и веднаш била испратена потера. Кај селото Четирци биле опколени и четата била уништена.

800px-Micko_Krstev_Jovan_Dovezenski

Просрпските војводи Јован Довезенски и Мицко Крстевски и двајца четници

Меѓутоа набргу била создадена нова српска чета. Во Самоков се собрале србски свештеници, учители и представници на србомаските села, по договорот кој бил склучен двојца селани однеле писмо на српскиот конзул Станојевиќ во Битола, барајќи од него оружје, пари и тајно испраќање на Мицка како нивни водач.

Конзулот ги одбил, не сакал да слушне ниту за четите ниту за оружјето. Но на излегување од конзулатот тие биле пресретнати од конзуларниот службеник Саватие Милошевиќ (подоцна српски четнички војвода), тој им дал 60 наполеона и им ветил дека ќе го организира бегството на Мицко.

На 18 април Мицко ја напуштил Битола и преку Прилеп заминал за Поречието. Сето бегство било орагизирано од страна на Саватие кои и ветил дека тоа ќе го стори.

На раскрсницата на крушевскиот и прилепскиот пат, Мицко бил пречекан од Вељо Шоповски кој го однел во селото Крапа и го сместил во куќата на српскиот учител Дукиќ. Таму Мицко го соблекол оделото и ја облекол бела поречка народна носија. Неколку дена подоцна му се придружиле 6 четници со што била создадена првата воружена српска четничка чета на територијата на Македонија, а Мицко се ставил во служба на српската пропаганда.

Мицко како искусен војвода во почетокот избегнувал поголеми судири, бидејќи од една страна српската воружена пропаганда во Македонија била во својот зародиш, а од друга страна тука биле четите на ТМОРО од кој можел да настрада. Мицко со својата чета го привлекол вниманието на самата Организација која протестирала во Белград за таквата акција.

Меѓу другото бил задолжен Георги Герџиковиќ заедно со Христо Узунов да го поканат Мицко да се покори на Организацијата, а тие тоа и го направиле.

Меѓутоа наспроти тоа војводата Мицко ја засилил својата активност и неговата чета се зголемила на 30 души. Поради ваквото држење на Мицко Крстевски, војводата Ѓорѓи Сугарев почнал да ја проследува неговата чета.

Организацијата подготвила план за опколување на српската чета во Порече. Затоа Петар Ацев отишол да се поврзе со Сугарев, а тој најпрво поминал низ Крушевско земајќи го со себе Ѓурчин Наумов, а во селото Горно Дивјаци добил извествување да ја мобилизира селската милиција која требало да чека кака резерва во евентуалната борба со Мицко.

Потоа дошло до судир во Црешнево, имено Мицко му поставил заседа на Ѓорѓи Сугарев меѓутоа тој успеал да се извлече. По заседате Мицко се префрлил на левата страна на Треска и се спуштил на југ.

Организациските чети следејќи го Мицко се собрале во селото Слатино. Во исто време таму дошол и Даме Груев со неколку селски милиционери. Мицко тогаш ги предал здружените чети, дошол аскерот започнала престрелка, четата успела да се извлече но Даме Груев бил ранет и останал во селото.

Следниот ден дошол Мицко и го заробил Груев и започнала едномесечна заложичка драма. Меѓутоа Мицко морал да го ослободи раководителот на Македонската Револуционерна Организација, но целото случување имало силен удар врз македонското револуционерно движење или како што истакнал Свештеникот Тома Николов, кој бил раководител во Кичевско дека:


Паѓањето на Даме во рацете на Мицко беше голем морален удар за Организацијата. Тоа најмногу го почуствував јас во Кичевско кога српскиот свештеник ренегат Мисаил... надмено се шеташе по чаршијата во Кичево и се фалеше нагоре-надоле пред граѓаните, дека Даме ранет се наоѓа во нивни раце и тој испратл медикаменти од Кичево за негово лекување.


Грабнувањето на Даме Груев била првата голем успешна акција на воружената српска пропагнада во Македонија, а четата на Мицко го отворила патот за другите чети кој набргу се нашле во Македонија.

jovan-babunski

Јован Бабунски

Од почетокот на август 1904 година биле префрлени нови чети на Скопска Црна Гора, околината на Прилеп, Струга. Во средината на август границата ја минале уште две нови чети за Козјак, а во првите денови на септември навлегле уште 7-8 српски чети.

Четите на левата страна на Вардар се бореле со воружените сили на турците, додека пак на десната страна со четите на Македонската Револуционерна Организација.

До средината на 1904 година биле формирани уште четири српски чети во Македонија. Во периодот од 1905 до 1907 година продолжило префрлањето на четите, меѓутоа сега под команда на офицери и подофицери од српската војска (сега по примерот на Врховниот комитет), а српските чети ја продолжил борбата на левата страна на Вардар и биле засилени српските позиции во Порече.

Првиот горски штаб бил формиран во Источното Повардарие на планината Козјак, а преку манстирот Св. Прохор Пчински биле одржувани врски со Врање.

Игуменот на манастирот Владимир и неговиот епископ Ковачевиќ навремено го известувале Горскиот штаб за движењто на турските и македонските чети, а исто така ги засолнувале ранетите и болните српски четници.

На 8 април 1905 година, четите при првиот горски штаб на Западното Повардарије на чело со капетанот сретен Рајковиќ - Рудички и новоименуваниот војвода Јован Бабунски, ја минала границата. Двете чети имале по 35 души, а после 15 дена успеле да го минат Вардар на мостот кај Зелениково.

Капетанот Рајковиќ го формирал Горскиот штаб во Порече кој бил погоден за седиште од две причини:

а) таму немало колски патишта, па транспортот од поголема тежина бил вршен со магариња и коњи, и поради тоа турската восјка избегнувала да влегува

б) од 40 поречки села, само Локвица била егзархиска.

Раководители на Горскиот штаб за Источното Повардарије биле: Илија Јовановиќ - Пчински, Аксентије Бацетовиќ - Бацета, Војин Поповиќ - Вук, Мијал Ристовски (иќ), Алимпије Марјановски (иќ), Александар Благоев (иќ) - Кочански, Светозар Ранковиќ - Тоза.

Во Западното Повардарије раководители биле: Сретен Рајковиќ - Руднички. Панта Радосавлевиќ - Дунавски, Павле Блажариќ - Бистрички, Душан Димитријевиќ, Сава Петковиќ, Маринко Алескиќ - Маша, Никола Јанковиќ - Косовски и поручникот Неделковиќ.

Оваа концетрација на срски чети неминовно воделе кон судир со Македонската Револуционерна Организација и осмалиската војска за контрола на теренот.

Така што дошло до голем број на судири. На 14 март 1905 година кај селото Табановце била опколена четата на Владо Ковачевиќ која броела 25 души, во овој судир загинале 11 четници.

Потоа доаѓа до битките кај Челопек (Кумановско), Вуксана, Китка, Бељаковце, Страцин, Јачинце и Стрновац.

До 1905 година во борбите загинале околу 170-180 четници и девет војводи: Ангелко Ангеловиќ, Саватије Милошевиќ, Павле Младеновиќ, Аксентије Рујанац, Ѓура Иванишевиќ, Михаило Петровиќ, Петко Илиќ, Јаким Младеновиќ и Љубомир Језиќ.

Меѓутоа во овие борби големи загуби имала и самата Македонската Револуционерна Организација.

Во борбите во 1907 година таа изгубила околу 100 четници и шест војводи, а во текот на Младотурската револуција според турските извори имало околу 110 чети на Македонската револуционерна организација, 80 андартски чети, 20 српски и 8 влашки чети. Таквото присуство на теренот како и големите загуби допринеле српските чети да не можат да го оствараат својот план, односно не успаела да ја контролираат територијата на Македонија.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.