Среда, 20 Ноември 2024   
Балканскиот пакт од 1953

balkanskiot-pakt

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпишан во Анкара (Турција) од страна на Грција, Југославија и Турција на 28 февруари 1953 година.

Договорот требало да претставува брана против советската експанзија на Балканот. Во договорот било предвидено евентуално формирање на заедничка воена команда на трите земји.

Во тоа време Турција и Грција се веќе полноправни членки на НАТО. Но, комунистичка Југославија не сакала да се приклучат кон НАТО. Со оглед на ова Балканскиот пакт бил можност Југославија на индиректен начин да се поврзе со НАТО.

Но, новиот сојуз ја покажал својата слабост уште од самиот почеток. Само неколку дена откако договорот стапил во сила, Сталин умрел. Како што новата Советска влада почнала да ги релаксира своите ставови кон Југославија, југословенското комунистичко раководство било се` повеќе подготвено да ја напушти отворената соработка со западните земји.

Во текот на 1954 и 1955 година разговорите помеѓу Југославија во Советскиот Сојуз резултирале со промена на југословенските погледи во однос на военото значење на Балканскиот пакт. Посетата на турскиот премиер Аднан Мендерес на Југославија во мај 1955 година (само три недели пред посетата на Хрушчов на Југославија) ја покажала разликата меѓу југословенските и турски проценки на меѓународната ситуација. Турскиот премиер Мендерес бил заинтересирана за целосна соработка во рамките на Балканскиот пакт, а Југославија се колебала да преземе било какви чекори кои би можеле да и` дадат значење на воената страна на Балканскиот пакт.

Набргу потоа, избил конфликтот на Кипар помеѓу Турција и Грција и станал нова опасност за Балканскиот сојуз.

По унгарската револуција, Тито покажа извесен интерес за заживување на Алијансата. Но, поради конфликтот на Кипар, обидот на Тито да посредува помеѓу Турција и Грција не успеал.

David R. Stone, "The Balkan Pact and American Policy, 1950-1955," East European Quarterly 28.3 (September 1994), pp. 393-407.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.