“Оваа ситуација наметнува тешки и важни задачи пред НОФ и пред целиот македонски народ. НОФ треба уште повеќе да го мобилизиера македонскиот народ и да биде вистински негов водач. Ефикасно да помогне 1949 година да биде година на победата и мирот што претставува вековен копнеж на грчкиот и македонскиот народ. Затоа едногласно решава: 3. Решава да се свика II-от конгрес на НОФ во текот на месец март 1949 година. II конгрес на НОФ ќе биде конгрес на прокламирање на новите програмски начела на НОФ, начела што се вековна желба на нашиот народ, ќе прокламира соединување на Македонија во една независна, рамноправна македонска држава во народно-демократска федерација на балканските народи, што е остварување на долгогодиш-ните крвави борби...” “ Непокорен”, орган на НОФ на Македонците во Егејска Македонија, од 16 февруари 1949; ГОВОР НА ЗАХАРИЈАДИС НА II ПЛЕНУМ НА ГЛАВНИОТ ОДБОР НА НОФ: МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СО СВОЕТО УЧЕСТВО ВО ДЕНЕШНАТА БОРБА ВРВИ КОН СОЗДАВЊЕ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ВО БАЛКАНСКА ФЕДЕРАЦИЈА “Конгресот треба да се изјасни по националното прашање на македонскиот народ, кој со своето учество во денешната борба врви кон создавање на независна македонска држава во рамките на балканска федерација...” “Билтен” - орган на НОФ на Македонците во Егејска Македонија, од 5 февруари 1949 год. |