|
|
Прифаќајќи ги персиската облека и обичаи Александар се смирил со Азија |
Д-р Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Александар како крал, за да ги смири, припитоми, како вистински животни, тврдоглавите народи расположени за борба, се сетил да ги успокои и да ги задоволи, прифаќајќи ја нивната вообичаена облека и нивниот секојдневен начин на живот. Му било припишано како злодело тоа што се зближил со лошата волја (се мисли на немање волја за прифаќање на власта на Александар од страна на покорените народи, н.б.), тоа што ја направил достапна на разумот на суровите суштества! Зарем не би требало поправо да и се восхитуваме на мудроста со која, едноставно менувајќи ја носијата, тој се смирил со Азија? Додека ги потчинувал телата со силата на оружјето, тој ги привлекувал срцата со начинот на облекувањето. Плутарх, Моралиа, (За судбината на Александар”), 330 Б-Ц; АЛЕКСАНДАР СЕ МОЛИ ЗА СЛОГА И ЗАЕДНИШТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ И НА ПЕРСИЈЦИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ИМПЕРИЈАТА Потоа Александар им жртвува на боговите на кои обично им жртвуваше, порача оброк на сметка на војската: беше седнат, а околу него седеа Македонците, потоа Персијците потоа другите одбрани според нивната слава и нивната важност. Од ис-тиот кратер црпеа кралот и оние кои го опкружуваа, и тие направија исти либации (жртва ливаница, од лат. Либатио, онис, н.б.), додека грчките врачеви и магите ги подготвуваа мо-литвите. Александар тогаш се помоли за среќа и особено за слога (хомоноиа) и заедништво (коинониа) на Македонците и на Персијците во управувањето со империјата. Арриан., ВИИ, 11, 8-9 (француски превод Ф.Ванниер, изменет); |