|
|
Ропството на Македонија под Ромеја |
Многу од Рoмeјските владетели биле родени во Македонија. Тие ја користеле македонската архитектура и начин на живот, па сепак за Македонија како независна држава не направиле ништо, ТУКУ сета нивна слава ја направиле за Рoмeја. Сепак, Македонците успеале да го задржат својот идентитет, име и култура и под ропството на Рoмeја. За да ги асимилира различните етникуми во својата држава во Ромеја, Ромеја ги менуваше вистинските етногеографски имиња на областите, добиени по името на етносите кои ги населуваа тие територии, во нови, кои немаат врска со националноста на домицилниот народ. Поради тоа, Ромеја само ги дислоцираше имињата од една во друга Ромеиска област. При тоа, територијата на источна Тракија станува тема Македонија, а жителите на темата Македонија за Ромеите се Ромејски тематски жители и поданици - Македонци, без разлика на нивната етничка припадност. Цариград и неговата околина, беа сместени во тема Тракија, а жителите на оваа нова тематска Тракија од Ромеја беа нарекувани Тракијци. Територијата на Македонија, Црна Гора, сегашна Србија влегоа во poмeиска тема Воулгариа и сите жители (Македонци, Срби, Црногорци) на темата Воулгариа беа за Ромеја тематски “ВОУЛГАРИ“, поданици на Ромеја. Додека денешна Бугарија (без Пиринска Македионија) ја направија тема Паристрион или Мезија, а жителите по ромејската книжнина беа нарекувани Паристрионци или Мизи. Поимот Византиско царство е модерен термин и не им бил непознат на современиците на царството. Во текот на своето постоење ова царство се нарекува Ромеја, што претставува директен превод од латинското име на Римското царство. Imperium Romanorum, сите постоечки записи говорат за „Ромеи“, значи земји кои се наследници на Римското царство и нивни поданици. Називот Византија прв пат се користи во 1557 (нешто повеќе од стотина години по падот на Константинопол од страна на германскиот историчар Хероним Волф, во неговото дело Corpus Historiae Bizantinae, каде што се вели дека називот Византија потекнува од стариот град Византион, кој се однесувал на една колонија која постоела на Босфор пред формирањето на Константинопол. Рoмeја најголемиот културен и архитектонски развиток го доживеала кога била владеана од Рoмeјски владетели родени во Македонија. И во Рoмeја, Македонското Име и Македонците биле негирани и забранети од страна на Рoмeјските негатори... Македонците биле многу побожни. Тие во времето на ропството на Рим и Рoмeја биле познати и како народот што го носи и шири зборот на Бога... СЛОВО БОГА и од тука и преименувањето на народот од другите народи во СЛОВЕНИ, што значи СЛОВО БОГА - СЛОВЕН. Од Македонија започнува и ширењето на македонската (словенската) писменост... Ширена од македонските просветители и учители. Благодарение на нив Македонското писмо го пишуваат околу 500-600.000.000 луѓе на планетата. Тоа писмо денес е познато како КИРИЛИЦА. |