Среда, 03 Април 2024   
За сојуз меѓу Титова Југославија и Димитрова Бугарија

Кон обединувањето на словенските и на сите народи на Балканот

gorgi-dimitrov-i-tito

Македонскиот народ е толку загреан приврзаник на републиканските народни режими во Југославија, Бугарија и Грција, зашто во тоа ја гледа гаранцијата за пријателско раз-решување на македонското прашање за цела Македонија, со тоа што ќе се почитува неговата волја и правото на обединување…Но ние исто така нема да престанеме да пледираме и за обединувањето на нашиот македонски народ. Тоа е наше право, што сме си го извојувале со 50-годишната борба за слобода и независност, не само во Вардарска Македонија, туку и и во цела Македонија и пособно со активното  учество на нашиот народ во општата антифашистичка борба на демократските и слободољубиви народи во последниве неколку години. Обединувањето на Македо-нија го бараат нејзините етнографски, историски и природни граници. Тоа се јавува како една горлива економска потреба за нашиот намачен и раскинат народ, како една неопходност за не-говиот слободен развиток. Впрочем, обединувањето на македон-скиот народ , или поинаку речено - целосно разрешување на македонското прашање, е едно право, што се  базира на прокламираниот принцип во Атланската карта и во другите решенија на трите големи сили, како и во Уставот на ООН,за самоопределување на народите.

Македонската држава се создаде, но во неа влегува само еден дел од Македонија, Тоа значи дека македонското прашање не е целосно решено. Македонскиот народ треба да се обедини и тој ќе се обедини. При постоењето веќе на македон-ската држава – Народна Република Македонија како рамноправна единица во нова федеративна Југославија, обединувањето на  македонскиот народ може да се оствари со присоединување на Егејска и Пиринска Македонија кон неа. Тоа денеска е кон

кретниот пат за обединувањето на нашиот народ. Тоа разрешување на македонското прашање може да стане и ќе стане со заемно братско решение меѓу ите влади на соодветните братски народи на Балканот и во согласност со интересите и волјата на маке-донсКиот народ, без да се бара туѓо мешање однадвор. При условите и можностите што пшостојат сега, тоа може да се нап-рави првин со Пиринска Македонија, потоа - по премавнувањето на монархофашистичкиот режим во Грција , кога таму исто така народот ќе ја земе власта во свои раце – и со Егејска Маке-донија. Уште потесно зближување и еден сојуз меѓу Титова Југо-славија и Димитрова Бугарија ќе го олесни обединувањето на Пиринска Македонија со Вардарска Македонија. Обединувањето на Пиринска со Вардарска Македонија ќе биде еден блескав пример за народот во Егејска Македонијаи тој ќе го бара итиот пат за обединување со своите браѓа во НР Македонија. Само то-гаш македонското пррашање може да добие целосно разрешување.

Се разбира , ние сега уште не го поставуваме акционо прашањето за обединувањето на нашиот народ. Ние, Македонците, водиме сметка за особената внатрешна и меѓународна положба на ОФ Бугарија, како и за поважните задачи, што сега ги има маке-донско население и ЕАМ во Грција. Ние не сакаме ненужно да ја отежнуваме положбатанба братска Бугарија и на  ЕАМ во Грција. Но, истовремено ние, како народ, стоиме здраво на нашето право за обединување. Ние ќе работиме и ќе пледираме за него. Обеди-нувањето е една  наша, поблиска или подалечна цел и во секој случај не толку далечна, така што уште долго да се трпи една стара и недопустлива неправда во однос на нашиот народ. Рас-покината Македонија треба да се обедини! Македонскиот народ ќе се обедини и Македонија од јаболко на раздорот, каква што беше во минатото, ќе стане обединувачка алка меѓу јужнословенските и балканските народи.

Драги сонародници, така стои нашето македонско народносно прашање. Такви се актуелните прашања  перспективите на Македонија. Овде во братска Бугарија кај голем дел од интелигенцијата што учела по старите учебници што ја фал-сификуваа македонската историја, има многу напластени (од минатото) погрешни и наивни, но по суштина великобугарски сфаќања по македонското прашање. Наш долг е да помогнеме тиа заблуди да се развеат…Правилно да ја објаснуваме  каузата на Македонија сред бугарската демократска јавност….

Емиграцијата е должна да му дава политичка поткрепа на македонскиот народ што се бори за своето самозачувување и ослободување во Македонија под грчка власт. Овде огромното мнозинство од нашата емиграција е имено од тој дел на Македо-нија и сака да се врати во своите родни огништа…кога Ќе стане возможно  слободно враќање по родните места во слободна и обединета Македонија.

Васил Ивановски, Македонија и најзините непријатели,

Архив на Македонија -Матица Македонска, Скопје 1995,  стр.271-312

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.