|
|
Како беше Основана 17.06.1990 г. ВМРО-ДПМНЕ |
На политичката сцена на штотуку започнатиот процес плурална Македонија,во средината на 1990 година се појави демохристијанската партија ВМРО-ДПМНЕ. Основачкото собрание се одржа на на 17.06.1990 г. во Домот на млади 25 Мај (МКЦ) во Скопје. Декорот на сцената беше патриотски , а салата беше преполна со патриоти речиси од сите места на Македонија, повозрасни лица кои дел од нив беа судени за идеалите на ВМРО, за самостојна и независна Македонија, се собраа македонските патроти - претставници на македонски организации, здруженија, клубови од Европа, Америка и Австралија, кои се наоѓаа во емиграција од различни причини пред се политички, дојдоа да ја дадат подршката и активно да се вклучат во плурална Македонија во промената на политичкитиот и економскииот систем на својата мила татковина Во април 1990 година, во ресторанот “Ново Скопје” во Берлин, Германија, беа удрени темелите на новата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Идеологот на Партијата, неуморниот борец за независна, обединета и суверена Македонија Драган Богданаовски дојде во Берлин, по претходно повеќе телефопнски разговори тој ги запозна македонците во Берлин за идејата, и дека има подготвено програма и статут на партијата која треба да ја формираме во Македонија. На првиот консултативен договор во Берлин учествуваа: Драган Богдановски, Гојко Јаковлески, Маноил Јаковлески – Мане, Ванчо Механџиски - новинар, кој престојуваше на гости кај Гојко Јаковлески и Стево Доневски- мајка,.На овој состанок беше цврсто договорено за формирање на Партијата. Драган ги информриаше исто така дека има неколку млади луѓе во Македонија кои се подготвени со наша подршка да ја започнат активноста за формирање на Партијата и да започнат широка активност за афирмирање на програмсктие цели на Партијата во Македонија. На средбата во Берлин бесе договорен начинот на финансирање на партијата за планираните активности. По состанокот во Берлин, по предходно направени разговори И консултации од Берлин заминаа за Минхен Драган Богдановски и Гојко Јаковлески. На состанокот што се одржа на почетокот на јуни во Минхен присуствуваа, од Македонија Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски, Владо Транталовски. На овој состанок беше конкретно договорено за програмските содржини и цели на Партијата, за основачкото собрание, за начинот како да се шири вмровските идеали меѓу македонското население и на предложеното име ДПМНЕ (предлог на Драган Богданоски), беше одлучено да се додаде ВМРО. На делегацијата од Македонија им се даваат матерјалите: програмските цели, изборната програма и прогласот, како и три брошури од Драган Богдановски. Во изборната програма со која ќе стартува ВМРО-ДПМНЕ на политичката сцена на Македонија беше запишано: “Гласајќи за Демократската партија за македонско национално единство, Вие гласате за единствената македонска партија која на овие избори излегува со програма инспирирана од Илинденскиот заветен идеал за слободна, обединета и целокупна Македонија, самостојна и вистински суверена национална држава на македонскиот народ. Гласајќи за ДПМНЕ Вие гласате за светиот и уште неостварениот Илинденски идеал на македонскито народ - гласате за еден нов македонски Илинден! Програмсктие цели на ВМРО-ДПМНЕ се ВМРО-вски, тие се бескомпромисни антиврховистички, затоа граѓани на Македонија, давајќи го Вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ Вие го исполнувате својот патриотски долг кон идеалот на Вашите илинденски дедовци и татковци и така ќе придонесете македонското прашање да мрдне од мртвилото во кое го доведоа балканските освојувачи и домашните македонски предавници, сегашни врховисти. Гласајќи за ВМРО-ДПМНЕ Вие гласате за македонска Македонија, за оствараување на заветниот идеал на апостолот Гоце Делчев, за демократската традиција на првата република на Балканот, Крушевската република, гласате за демократскиот манифест на Никола Карев, гласате за утрешниот нов Илинден. Гласајќи за ВМРО-ДПМНЕ Вие гласате за идеалот на бесмртниот Ченто, а против домашнтие предавници, новите врховисти кои од Македонија направија темен вилает и колонија со статус на протекторат. Иако обединвуањето на распарчена и поробена Македонија во денешните историски услови не е можно, политиката на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон подготвување на услови за обединување на Македонија. Обединувањето на Македонија треба да биде дело на самите Македонци. Од ова сознавање тргнува во својата политичка работа ВМРО-ДПМНЕ. Таа ќе работи за обединвуањето на Македонија да се постигне во поблиска иднина. Илинденскито идеал беше вткаен во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, - Преуредување или престројување на југословенската држава од федерација во конфедерација, - Распуштање на злогласната Служба за државна безбедност и нејзино заменување во Служба за безбедност која идеолошки ќе биде наполно неутрална, -Распуштање на југословенска армија и создавање на национални армии во одделните држави на конфедерацијата, - Создавање на национална банка на Македонија, која ќе има за цел да го обезбеди финансирањето и напредокот на стопанството во Македонија, - Право на враќање на иселените Македонци и гаранција дека никој нема да ги прогонува било за нивните проанешни политички дејности или пак за сегашните нивни политички убедувања, - Исфрлување на терминот “Социјалистичка“ од името на македонската Република Овие беа темелите и стратешките документи, кои беа потврдени и усвоени на Основачкото собрание што се одржа на 17 јуни 1990 година. На Основачкото собрание говореше првиот претседател Љупчо Георгиевски, прогласот го прочита Борис Змејковски, со посебен реферат во името на емиграцијата се претстави Гојко Јаковлески од Берлин. Со поздравни говори Основачкото собрание го поздравија: Стојан Ковачев од Париз, Дане Поповски од Чикаго, Душко Дојчиновски од Сиднеј, Јордан Груев од Мелбурн и Панде Мицев од ОМО “Илинден” од Пиринска Македонија. |