|
|
| Македонците со бугарски пасош се жртви, а не предавници! |
|
Свекрва Македонец си ти, без разлика што пишува во пасошот! Во последниве две децении, многу Македонци земаа бугарски пасоши, некои од луѓето ги нарекуваат предавници, други ги оправдуваат. Но вистината е, како и секогаш, многу посложена. Погледнете ја реалноста: едно младо момче од Македонија сака да работи во Германија. Не може со македонски пасош. Го тера животот, сака да му помогне на семејството, сака иднина. И му се нуди „решение“, бугарски пасош. Но не добива документ без услов. Треба да потпише изјава дека е „од бугарско потекло“. Овие луѓе не станаа Бугари во срцето. Напротив, многу од нив, и денеска во Виена, Берлин, Цирих, Минхен или Амстердам, велат дека се Македонци. Ги слават нашите празници, пеат македонски песни, се крстат во македонски цркви. Но документите им се бугарски. Апсурд? Не, реалност. Зошто? Затоа што Македонија во минатото молчеше, политичарите крадеа, а системот се распаѓаше. Тие не заминаа затоа што ја мразат Македонија, туку затоа што таа не ги сакаше. Или подобро речено, не им помогна да опстанат. А од другата страна, Бугарија не им подаде рака од добрина. Не. Туку за да создаде лажни „етнички Бугари“ во Македонија, за да каже: „Видете колку Бугари нè има во Македонија и затоа Македонија е бугарска!“. Значи, тие што зедоа пасоши се жртви на геополитика, на безизлезност. И тие не смеат да бидат избркани од нашата национална приказна. Напротив нив треба да ги вратиме, да им кажеме: „Македонец си ти, без разлика што пишува во пасошот“. Наместо да ги осудуваме, да прашаме зошто дојде до тоа? И уште поважно што правиме сега? Дали ќе создадеме држава каде младите нема да бегаат, каде не треба да лажат за потекло, каде достоинството не се купува со пасош? Македонците со бугарски пасош се македонскиот срам, но не поради нив, туку поради мафијашкото владеење на СДС и ДУИ. Македонија конечно По години на стагнација, транзиција и корупциски мрежи, под новото водство започна да гради реална економска основа. Инвестициите растат, невработеноста се намалува, домашната економија полека добива воздух. Ова е позитивна промена која може да има сериозни долгорочни ефекти, не само врз животниот стандард, туку и врз еден осетлив процес: ваѓање бугарски пасоши и иселување. Затоа економскиот опоравок не е само прашање на раст на БДП, туку и прашање на национално достоинство. Ако Македонија понуди достоинствен живот, младите нема да гледаат кон Благоевград или Пловдив за “економски спас”, ниту ќе мораат да потпишуваат изјави дека “пра-дедо им бил Бугарин”. Напротив, ќе останат овде, ќе градат домови, ќе отвараат фирми и ќе го чуваат македонскиот идентитет каде што им е местото, дома, во Македонија. |


















