|
|
| Орце Ѓорѓиевски е правото лице за Скопје! |
|
Мане Јаковлески Со Орце до чисто, безбедно и модерно Скопје! Доста беше хаос, урбанистичка мафија и запуштеност. Скопје заслужува нова енергија, решителност и визија. Орце ќе биде новото лице за Скопје и продолжение на битката за обнова! Во време кога Скопје вреска за ред, визија и храброст, на политичката сцена стапува едно ново, но не и непознато лице, Орце Ѓорѓиевски. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за градоначалник на главниот град на Македонија. Орце не е случаен избор, туку логичен чекор за продолжување на обнова која започна со новата Влада на чело со Христијан Мицкоски и со новата политичка одговорност. Орце е човек кој одамна се наоѓа на првата линија на фронтот. Не со пенкало и празна реторика, туку со политички активизам, конкретни предлози и ангажман на терен. Млад, образован, директен, тоа не се само епитети, туку карактеристики што го одделуваат од сите претходни неуспешни експерименти со т.н. „непартиски“. Скопје повеќе нема време за промашени проекти и аматеризам! Главниот град е закочен во хаос, урбанистички, сообраќаен, еколошки и вредносен. Орце Ѓорѓиевски ќе понуди стратегија за Скопје, не само декларативна туку издржана и амбициозна. Преку конкретни решенија, соработка со стручната јавност, враќање на достоинството на градските Oпштини, и што е најважно слушање на гласот на граѓаните. Денес, Скопје треба градоначалник како Орце кој знае да раководи, но и да се спротивстави. Да каже „не“ кога интересот на мафијата се обидува да се протне под маската на „развој“. Орце тоа го покажа и како опозиционер и како активен чинител на македонската политичка сцена и како градоначалник на Кисела Вода. На Скопје му треба градоначалник како Орце со оглед на тоа какви кадри изнедри ВМРО-ДПМНЕ во последниве години, сосема е разумно да се очекува и Орце да го следи истиот пат: на отчетност, борба и успех. Скопје да добие не само градоначалник, туку и вистински домаќин, кој знае да покаже дека Македонија мора да биде наша, горда, урбана и чиста! Сега е редот на Скопје да се исправи! |


















