|
|
| Тажен е ден денешен за тебе Татковино – Македонијо! |
|
Александар Македонски Џеповски 112 Години како ни е разделена Македонија во Букурушт! На 10 Август 1913 Македонија беше и официјално разделена, распарчана и распродадена на неколку страни. По тој повод, наидов на една статија на Интернет и вреди сите да ја прочитаат, превземено од АВА МАКЕДОНИЈА. Тажен е ден денешен за тебе Татковино – Македонијо! Недела, 10/08/2025-то Лето Господово Сто и дванаесет години од поделбата на Македонија Поделбата на Македонија во 1913-та година низ призмата на Светото Писмо Возљубени во Господа браќа и сестри скапи сонародници, поделбата на Македонија во Букурешт, 1913-та година, претставува една од најтрагичните пресвртници во историјата на македонскиот народ. Наместо слобода и обединување по ослободувањето од Отоманското ропство, македонската земја беше поделена меѓу тогашните балкански држави: Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Овој чин не беше резултат на волјата на македонскиот народ, туку на геополитички интереси, воени победи и дипломатски договори кои мешетареа за своите интереси и ги игнорираа правата на еден автохтон народ. Според Светото Писмо, ваквата неправда не е незабележана во очите на Бога, во книгата на пророк Исаија стои: „Зашто Господ е Бог на правдата - блажени се сите што се надеваат на Него.“ /Иса. 30, 18/ Овој стих нè потсетува дека вистинската правда не доаѓа од политичките договори, туку од Бога, Македонскиот народ, иако разделен и потиснат, не престана да се надева, да се моли, да се бори (не со оружје, со збор и со вистината) и да го чека своето време на слобода и обединување. Возљубени, Букурешкиот договор, наместо да донесе мир, тој остави длабоки последици: асимилација, забрана на јазикот, прогони, губење на идентитетот, дури слободно можеме а кажеме и геноцит на еден народ. Сето тоа беше спротивно на Божјиот повик за мир и почит кон другите народи, како што вели Христос: „Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“ /Мат. 5, 9/ Наместо миротворство, на Балканот се случи поделба и распарчување - акт што не може да се оправда ниту пред историјата, ниту пред совеста на човештвото. Во Книга Мудри Соломонови изреки сѐ вели: „Не преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле.“ /Сол. Изр. 22, 28/ Ова е длабока порака за сите оние кои ја прекројуваат историјата и ги газат духовните, културните и етничките граници на еден народ во овој случај на македонскиот. Возљубени, Македонија не беше само географска територија, туку таа е духовен простор, вековно култивиран од својот народ, со свој јазик, со своја култура, традиција и вера и посебен етнос. Иако разделен, македонскиот народ не исчезна, тој го „зачува“ своето име, верата, јазикот и стремежот за обединување. Тоа е доказ дека Божјата промисла не се мери по човечките договори, туку по верноста во Бога дека Тој ја ставил Својата рака врз Својот народ. Возљубени, поделбата на Македонија на 10 Житар / Август во 1913-та година е една историска неправда што не може да се избрише. Но, Светото Писмо нè учи дека Бог е Бог на правдата и надежта. Во таа вера, македонскиот народ живее и продолжува да се стреми кон целосно духовно и национално обединување. Возљубени, нема мир без правда, и нема иднина без вистина! Бог да ја благослови Македонија и македонскиот народ! Македонија на македонците и малку повеќе и никако поинаку! Вечна да е Македонија! ЗАТОА ДРАГИ МАКЕДОНЦИ НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ И НЕ СЕ ПРЕДАВАЈТЕ, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА ДО КОНЕЧНО НЕЈЗИНО ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ! АМИН !!! |


















