|
|
Силна Македонија почнува од силна Општина! |
Мане Јаковлески На изборите ќе учествуваат стотици кандидати за градоначалници, но победникот е секогаш еден-Македонија! Од полноќ започнуваат дваесетте дена на демократска трка, во која секој граѓанин има чест и должност да ја изрази својата волја. На 19 октомври, а доколку има втор круг и на 2 ноември, нашата татковина ќе го одржи осмиот циклус на локални избори од независноста, уште еден доказ дека Македонија чекори цврсто по патот на слободата и самостојноста. Ова не се само избори за градоначалници и советници, ова е избор за тоа какви ќе бидат нашите општини, градови и села, какво општество ќе им оставиме на идните генерации. Секој глас е глас за иднината, за семејството за нашите деца, внуци и за нашата Македонија. На изборите ќе учествуваат стотици кандидати, но победникот е секогаш еден, Македонија. Со секој излезен граѓанин, ја потврдуваме нашата љубов кон татковината, нашата верба во демократијата и нашата решеност дека иднината ја градиме со сопствени раце. На 19 октомври не сме само избирачи, сме чувари на суверенитетот, градители на иднината и продолжувачи на македонската традиција за слобода и правда. Изборите се момент кога сите сме еднакви, кога силата на народот се преточува во заедничка одлука. Изборите не се обврска, тие се чест, на 19 октомври ја избираме нашата иднина. Да излеземе масовно на изборите, затоа што Македонија се гради со нашите раце, Македонија е наша заедничка куќа, нашиот глас е темелот на нејзината сила. Да не чекаме некој друг да одлучи за нас, Македонија заслужува да биде силна, обединета и горда.
|