|
|
| Александар Македонски Џеповски |
|
Александар Македонски Џеповски Да ти имало 8 милиони Македонци во Турција. Ова бројка на Македонци само во Турција е многу импозантна. Осум милиони потомци на народот на Александар, Кралот Македонски, кои низ вековите се расеале по светот, но никогаш не ја изгубиле својата свест, своето потекло, својата гордост. Бројка што сама по себе звучи неверојатно, но и величествено. Ако само во Турција има толку Македонци, тогаш замислете колку не има уште во Европа, Канада, Америка, Австралија?.
Вардат, Егеј, Пирин, Мала Преспа, Гора, цела територија на Македонија, би била премала да ги вдоми сите овие наши браќа и сестри што носат македонско потекло. Голема е Македонија, по духот што го ширела низ светот. Таму каде што стапнал Александар, Кралот Македонски, таму се родила магијата наречена Македонија. Колку и да се обидуваат, со векови, најрасипаните умови да не избришат, да не асимилираат, едноставно не можат. Не постои сила што може да го уништи она што е создадено со дух, љубов и чест. Нема теорија, нема формула, нема стратегија што може да ја избрише Македонија од срцата на нејзините луѓе. Има нешто надприродно, што не дозволува да се оствари пеколниот план на натемаго, нешто што нè држи исправени, живи и горди. Македонецот, дури и кога ќе го разделат, кога ќе му го одземат името, јазикот или ќе му ја поделат земјата, повторно се раѓа. Како пиреј сме, семе што расте дури на камен, така македонскиот ген опстојувал и ќе опстојува вечно! Границите и религиите се привремени алатки во рацете на оние што мислат дека можат да управуваат со судбината на народите. Но Македонецот не е создаден за да биде управуван. Тој е создаден за да создава, да остава трага. Ние сме народ што сме дале култура, писменост, религија, македонецот е пример на човештвото што значи достоинство и упорност. Се обидоа да го избришат (привремено) името, да го променат идентитетот, да ја искриват историјата, но не успеаја. Зашто Македонија не е само држава, таа е чувство, енергија, наследство, духовен код што се пренесува низ генерации. Македонскиот ген е мистерија за сите што не можат да разберат како е можно еден народ толку мал по број, а толку голем по влијание и сила на духот. Пробуваа и ќе пробуваат да го уништат, е арно ама никако да им успее. Македонскиот ген и отпор бил и ќе биде голема енигма како опстојува. И токму затоа има осум милиони Македонци во Турција. И уште милиони во Европа, Австралија, Америка, Канада... Македонија е насекаде каде што трепери македонско срце. а тоа срце, верувајте, никој никогаш нема да го сруши. ЕДНО Е СИГУРНО, БЕЗ БОЖЈА ВОЉА И ПОМОШ СЕТО ТОА БИ БИЛО НЕВОЗМОЖНО ДА ИСТРАЕ И ДА СЕ ИЗДРЖИ. СЕКАДЕ ГИ ИМА МАКЕДОНЦИТЕ И НЕКА СЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ И СЛОЖНИ ЗА ВЕК И ВЕЧНИ ВРЕМИЊА. АМИН !!! |














