|
|
| Македонија заслужува вистинска опозиција, коректор, а не слуга на туѓи интереси! |
|
Социјалдемократскиот сојуз наместо да биде глас на народот, стана гласник на туѓи интереси и потписник на договори што ја понижија државата и ја згазнаа гордоста на македонскиот народ. Зоран Заев ја остави зад себе најтешката политичка сенка во поновата историја, промена на вековното име на државата, преговарање со идентитетот, јазикот и историјата, масовна корупција,...потчинетост и понижување, наместо достоинство, поклонување. Но трагедијата е што и по заминувањето на Заев, неговиот дух сè уште ја управува партијата преку неговите „ученици“, меѓу кои најекспониран остана Венко Филипче. Човек кој имаше можност да се дистанцира од политиката на предавство, но наместо тоа тој ја продолжи. Без став, без одговорност према државата, без визија, тој денес ја претставува истрошената генерација што ја влече партијата надолу. Додека Македонија се бори да го врати националното достоинство, челниците на СДС зборуваат за „европски вредности“ a ги газат македонските. Македонија денес бара нова енергија, нови луѓе, кои нема да се срамат од своето потекло, име и историја. Луѓе кои нема да одат во Софија со наведната глава, ниту во Брисел со бело знаме, туку ќе стојат исправени со гордост и одговорност. На Македонија и треба опозиција која ќе биде коректор на власта, чувар на народниот интерес, а не продолжена рака на барањата од соседите. Опозиција која го слуша народот, а не да го замолчува. Да застане на страната на граѓаните, а не на страната на притисоците однадвор. Kako да заборавија дека народот е тој што избира, народот е тој што суди, и народот е тој што решава кој ќе го води. Време е да се создаде опозиција што ќе предлага и ќе го брани националното достоинство, наместо да го продава за ситни политички поени. Македонија има потреба од опозиција која ќе ја сака својата татковина повеќе од фотелјата и која ќе свати дека силата не доаѓа од надвор, туку од сопствениот народ. Партијата, ако сака опстанок, мора да се ослободи од старите ликови кои го легализираа националното понижување и криминалот од Заев, преку Филипче, до целата таа генерација што ја изгуби врската со народот. Затоа, ако СДС навистина сака да преживее и повторно да биде релевантна сила, мора да ја пресече пупката со минатото, првиот чекор е јасен, Заев, Венко Филипче, старите ликови, кои ја плачкаа и ги рапродаваа националните интереси како да се на пазар во горни Милановац, мора да заминат од политиката. Зашто политичката сила која го игнорира гласот на својот народ, која мисли дека е поважна од него, неизбежно завршува на буниште на историјата. |













