|
|
| Македонија не е за продавање! |
|
Со предавничките политики на Зоран Заев и СДС, македонскиот народ повторно се турна назад кон времињата на најголемите неправди. Не само во бурните деведесетти, кога под притисоци ни ја наметнаа привремената референца, туку многу подалеку, до 1913 година, Букурешкиот договор, денот кога Македонија беше поделена како плен помеѓу Србија, Грција и Бугарија. Зоран Заев на чело на СДС ги погази идеалите кои генерации Македонци ги бранеа со живот. Ги погази Илинденците од 1903 година, луѓето кои со крв, храброст и незапирлив идеал ја впишаа Македонија на светската мапа. Ги погази борците од 1944 година, кои во НОБ го осветија нашето име и му дадоа државност. Ги погази и Македонците од 1991 година–генерацијата која на референдум ја запечати независноста, ја заокружи државата и му порача на светот дека Македонија станува господар на својата судбина. Зоран Заев ја игнорираше таа светиња. Со потпишување договори што ја фалсификуваат историската вистина, што го газат достоинството и што го потценуваат народниот глас, Заев не избриша само зборови од хартија, Тој се обиде да го избришое идентитетот, споменот, чувството и историјата. Се обиде да го изгасне оној пламен што не се гаси–македонскиот дух, чувството на припадност што не се учи од книга, туку се наследува, како обврска кон дедовската земја. Најстрашното? Сето тоа го направи спротивно на волјата на народот дека името „Македонија“ е повеќе од збор, тоа е заклетва, чест, идентитет, вековна светост. Но наместо да ја послуша таа волја, тој се стави над народот. Над вистината. Над правото. Настапи како арбитар на нашата судбина, без морал, без чест и без историски легитимитет. А кога некој ја крои иднината без право и без душа, Историјата го суди за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! И ќе го запише како предавник кој во најкритичните моменти наместо да го заштити името, го испазари, наместо да ја зајакне државата, ја ослабе. Затоа денес, повеќе од кога било, важи една вистина: компромисите можеби се дел од политиката, но компромис со душата македонска–нема и не смее да има. Историјата нè учи–од Букурешт, од Илинден, од АСНОМ, од 8 Септември, дека македонската душа не се предава. Дека името, јазикот и достоинството се бранат со истата сила со која нашите предци со генерации се бореа за право да бидат Македонци во своја земја. Времето на политичарите кои се плашеа да ја бранат Македонија заврши. Над нивните погрешни потписи има нешто посилно–македонскиот дух, кој не знае да капитулира. Заев, претседателот на СДС изврши предавство што ќе остане дамка која историјата нема да ја избрише. Македонија ќе го носи тој белег, но народот, истиот тој народ што ѝ се поклонува на земјата и на името, веќе го кажа својот збор, гласно, достоинствено и македонски: Македонија не е за продавање, Македонците вечно ќе постојат! Македонија вечна!
|



















