|
|
| М-р Мартин Треневски - ЗБОР-ДВА ЗА XIIIот КОНГРЕС НА ВМРО=ДПМНЕ |
|
На шести декември во Кавадарци се одржа XIIIот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Многу работи се кажаа за тој партиски настан и за да не се повторувам, ќе се осврнам во оваа прилика само на неколку детали што ми лежат на срце. Во прв план ќе се осврнам на реизборот на претседателот на Партијата Проф. д-р Хpистјан Мицкоски што го сметам за настан од извонредно голео значење. Имено, Христијан во изминатиов период се покажа и се докажа како народен трибун кој води сметка за интересите на граѓаните (впрочем тоа најдобро го покажаа брилијантните резултати од локалните избори), како стабилен и авторитетен партиски лидер, но и како државник кој во голема мерка успеа за кратко време да се наметне како авторитет на меѓународно ниво и да ги санира непроценливите штети што на Македонија ги направија на меѓународен план лубеничарот Заев, неговиот следбеник Ковачевски и партијатаа што стоеше зад нив и ги подржуваше-СДС. Со еден збор, со Мицкоски.и партијата ВМРО-ДПМНЕ, но и Македонија добија авторитет (кому му е трет четиригодишен мандат) на чело на партијата кој цврсто ги брани нејзините интереси од садистичиот притисок на ЕУ за промена на Уставот. Очајно ни требаше токму сега ваков авторитет, кога добиваат на интензитет безкруполозните притисоци врз нашата земја, и на конгресот во Кавадарци (фала му на Господа) тоа и се случи. Нам, на членовите на ВМРО-ДПМНЕ сега ни преостанува со посветеност и лојалност да работиме за доброто на Партијата и татковината да придонесеме секој колку може за општото добро бидејки друга алтернатива немаме! Партиските конгреси по правило се можност за презентирање на сработеното во изминатиот период, но и за укажување на слабости се со цел подобрување на работата во периодот што следи. Размислував, доколку добијам покана за учество на Конгресот, да укажам на две работи. Но, за жал, покана не добив! Зошто? Не знам! Само за потсетување. Јас сум единствен жив член на Првата тнр. Експертска влада на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, министер и во владата на Љубчо Георгиевски, присуствував и на основачкото собрание на Партијата во далечната 1990 година, бев и повеќекратен амбасадор и член на бројни комисии и тела на Партијата. Па кому му пречеа сите мои партиски заслуги во изминативе години? Кому? Дали се работи за удбашки методи на елиминирање/ретуширање на личности како во едноумието. Па мислев дека тој метод е далеку зад нас но не ќе да било така. Патем, учесник сум на повеќе партиски конгреси, а јас лично го раководев фамозниот десетти конгрес на Партијата во Кичево. Дека не се работи за грешка на протоколот потполно сум сигурен бидејки два дена пред конгресот и се јавивме на девојката во партискиот протокол, но повратна информација не добивме!? Нешто и за кадровската политика во Партијата. Општина Центар, каде припаѓам и јас, на локалните избори претрпе катастрофален пораз, а станува збор за општина во која се сместени Владата и голем број државни институции. Нормално би било во ваква ситуација одговорност да се бара од претседателот на ОК Центар. Но наместо тоа, претседателот беше унапреден на повисока позиција - директор на една државна установа!? Не ми е јасно, според кои критериуми, особено ако се знае дека станува сбор за контравезна личност, што прелетал од една партија во друга, лице што прекинува комуникации со членови на ОК Центар и што ти не друго. Не знаам кој и според кои критериуми прави вакви работи, но се ќе да е на добро. Христијан, Претседателе и Премијере, ја користам приликава и за да укажам (но и да Те замолам за внимание и акција) за /не/можноста да се комуницира со некои од министрите во Твојата влада или раководители на државни органи или организации. Порано како објаснување беа зафатеноста поради локалните избори, па потоа заради конгресот на партијата, но работите си останаа онака, по старо, скоро невозможно комуницирање со функциоинерите. Па сега, кога сме на власт, ако неможеме да комуницираме, прашувам КОГА? И самиот два пати бев министер (еднаш во Експертската влада, и втор пат во Владата на Љубчо Гееоргиевски, но никогаш не сум одбил барање за средба! Никоигаш! |


















