|
||||
| Трајко Андреев |
|
Трајко Андреев (7. V 1925 - 8. XI 1944) e македонски партизан, член на КПЈ (Комунистичка партија на Југославија) и КПМ (Комунистичката партија на Македонија). Бил борец од Осмата македонска ударна бригада. Загинал во битката за ослободувањето на Велес. Трајко Андреев (Трајче Јованов Андреев) е роден на 7 мај 1925 година во сиромашна земјоделска фамилија од Богомила. Релативно млад покажал интерес кон социјализмот и комунизмот, кој во регионот го ширеле велешките членови од ВМРО (Обединета), како Панко Брашнаров и Алексо Мартулков. На почетокот септември 1944 година, Трајко се приклучил на македонските партизани. Станал борец на Осмата македонска ударна бригада (позната како Велешка ударна бригада), која е формирана на 2 септември во селито Отоштино. Веднаш по формирањето, бригадата започнала со борбени дејства во кои учествувал Трајко Андреев. Во пределот на Велешко бригадата учествувала во минирањето на патните правци Велес- Прилеп и Велес-Скопје преку кои се извлекувале германските единици од составот на армиската група Е од југ кон север и се вршело разоружувањето на бугарската војска на овој терен. Потоа бригадата се упатила кон селата Говрлево, Здуње, Растеж и Седларево во пределот на Сува Гора. По жестоките борби со балистичките сили, бригадата, повторно е вратена на теренот на Велешко, за да учествува во операциите за конечното ослободување на Велес. Во 8 ноември, 1944 Андреев учествувал во борбите за ослободувањето на градот. За време на борбите во главните улици на градот Андреев смрттно бил погоден од германски куршуми. Бил погребан во неговото родно село. Во негова чест ОУ „Трајко Андреев“ – Велес го носело неговото име до 2006, кога школото се споило со ОУ „Блаже Конески“ - Велес.
Подготвил: Т.К. |















