|
||||
| Штерјо Михајлов - Мекедонецот |
|
Штерјо Михајлов Цигуде(в)ски (1856 – 27. XII 1911) e македонски револуционер, деец на македонското револуционерно движење. Учествувал во српско – турската (1876) и руско-турската војна (1877-1878), како и во Разловечкото (1876) и Македонското (Кресненско) востание (1878). Бил познат уште како Влаот, Спиро, Рилец или Македонецот. Штерјо Михајлов е роден во 1856 година во Дебар. По кавга со синот на локалниот бег во 1873 година, тој отишол во Белград, каде што неговиот татко работел како дулгерин, и почнал да му помага во работата. Се населил во селото Рила. Тој бил еден од организаторите на Разловечкото востание во 1876 година. Потоа, истата година, Михајлов се пријавил како доброволец во Српско-турската војна. Со одредот на Иљо Војвода, учествувал во битките кај селото Салаш, Књажевац и кај манастирот Свети Архангел, каде што бил лесно ранет. На 3 април 1877 година, го напуштил Кладово за Русија, но се населил во Букурешт. На 1 мај 1877 година, Михајлов се пријавил како доброволец во 4-тиот баталјон на 4-та чета на бугарските ополченци и се борел во Руско-турската војна (1877-1878). На 29 јуни истата година, бил унапреден во воен чин подофицер. За учество во битките кај Шипка бил награден со Воениот орден Свети Ѓорѓи, 4-ти степен. Михајлов бил еден од петте знаменосци на самарското знаме и бил награден со Ѓорѓиевиот крст. Од јули 1878 година Штерјо живее во селото Рила. По Берлинскиот договор, со кој Македонија останала во Отоманската империја, Михајлов учествувал во Македонското (Кресненско) востание и бил војвода на здружениот одред во селото Долно Драглишта. Во 1885 година се пријавил како доброволец во Српско-бугарската војна, за којашто добил Орден „За храброст“. Од 1894 година служел како виш пешадиски граничар и им помагал на четите на Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествувал во Илинденското востание во одредот на Јане Сандански. Се придружил и маршот кон Цариград во 1909 година за да им помогне на Младотурците. За своите заслуги бил награден со српски, руски и бугарски одликувања. Штерјо Михајлов починал на 27 декември 1911 година во Рила. Подготвил: Т.К. |















