Сабота, 13 Ноември 2010    PDF Печати Е-пошта
Добри Даскалов

ЖИВОТ И ДЕЛО

Добри Даскалов е македонски војвода од илинденскиот период, еден од водечките револуционери и предводници на македонскиот народ од Тиквешкиот крај во борбата за ослободување од долговековното турско ропство. Роден е во Кавадарци, на 13 ноември 1822 година, во свештеничко протестантско семејство, од татко Захарија и мајка Марија. Неговиот татко бил свештеник, образован, културен и прогресивен човек кој отворено ги прифаќа револуционерните идеи на македонската револуционерна организација, а неговата мајка, многу време посветила на воспитувањето на нејзините деца. Основното образование и нижа трикласна гимназија Добри завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во егзархиската гимназија во Солун. Од Солун своето образование го продолжил во Самоков, Бугарија, каде во учебната 1896/97 година, се запишал на протестантското Железарско училиште. Токму таму во Самоков Добри Даскалов ја започнува својата револуционерна дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“.

dobri-daskalov-2

Во април 1901 година, со само 19 години Даскалов станува член на револуционерната чета на „Пиринскиот цар“-Јане Сандански. Зема непосредно учество во грабнувањето на мисионерката Мис Елен Стон, со која фамилијата Даскалови, како протестантска фамилија од порано имала добри пријателски и деловни врски. По налог на Организацијата, кон крајот на 1901 година Даскалов е префрлен во четата на струмичкиот војвода Христо Чернопеев. Меѓутоа, поради едно невнимание Даскалов бил уапсен од страна на турските власти и бил осуден на повеќегодишен темничен затвор, но бил ослободен со помош на силно лобирање на влијателните луѓе кај солунскиот валија. Осуден е само на шест месеци затвор.

Vidni_deici_na_VMORO

Во мај 1902 година во Софија Добри Даскалов имал многу срдечна средба со идеологот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. Оваа средба многу силно влијаела врз неговата решителност да истрае во спроведувањето на револуционерното дело.

Во пролетта 1904 година, Даскалов влегува во Тиквешијата на чело на една добро опремена и обучена чета. Тој од страна на Околискиот Комитет е наименуван за тиквешки околиски војвода. Во почетокот на мај 1904 војводата Добри Даскалов како делегат од Тиквешијата, заедно со Пешо Самарџиев учествуваат на Прилепскиот подвижен конгрес на ТМОРО.

dobri-daskalov-3

Во втората половина на август 1904 година неговата чета води жестока борба против турската војска кај месноста „ Градот“ близу с. Праведник.

Во јуни 1905 година Добри Даскалов учествува на Солунскиот конгрес, на кој е избран за делегат од Солунскиот округ за престојниот конгрес на Организацијата во Рилскиот манастир.

На 13 јули 1905 година неговата чета води тешка борба со поголема турска војска и полицијата во селото Ресава. Во оваа жестока борба загинале двајца борци од Добревата чета, а неколкумина од нив се ранети. По повлекувањето на војската убиени се петмина селани, а селото Ресава било целотот запалено. Во август истата година здружените чети на војводите Добри Даскалов и Пешо Самарџиев водат голема борба кај месноста „ Трника“ во близина на с. Мрежичко, во која успеваат да и нанесат големи загуби на турската војска.

Во август 1905 година Добри Даскалов заедно со Тодор Поп Антов како делегати од Солунскиот револуционерен округ учествуваат на општиот конгрес на ТМОРО што се одржа во конаците на Рилскиот манастир. Во текот на 1906 и 1907 година со својата чета води енергична и жестока борба за чистење на Тиквешијата и Кожуф од присуството на врховистичките чети и емисари. Откако се уверуваат дека војнички не ќе можат да го скршат и победат врховистите се обидуваат тоа да го сторат по пат на преговори. Меѓутоа, на преговорите, јасно им ставил до знаење на врховистите дека е против поделбата на Македонија и се залага за принципот Македонија на Македонците.

Во 1909 година Добри Даскалов е еден од основачите на Народната Федеративна партија во Кавадарци. На основачкиот конгрес во Солун Добри даскалов е избран за член на извршниот одбор. Меѓутоа, само една година по основачкиот конгрес, кон крајот на 1910 година младотурскиот режим ја забранува работата на НФП.

Само една година по убиството на прочуениот тиквешки војвода Лазо Ридов Асијата на 20 јуни 1912 г. Кавадарци го потресува уште едно убиство. Имено, пред портата од неговата семејна куќа, од страна на Крсто Ристов Кимов од селото Грвавец, бил убиен долгогодишниот тиквешки околиски војвода Добри Даскалов, во моментот кога до рацете ја држел неговата девет месечна ќерка Невенка. Убиството на Добри Даскалов било извршено по налог на прилепскиот војвода Милан Ѓурлуков. Со убиството на Добри Даскалов и бил нанесен силен удар на Револуционерната организација во Тиквешијата, особено на приврзаниците на т.н. Серска група – Сандисти, какви што биле Добри Даскалов, Ило Боцев, Мишо Шкартов, Ристо Јосифов, Тодор Камчев и др. По извршеното убиство Крсто Кимов Ристов се приклучил кон четата на војводата Лазар Фертикот, но овој без размислување го исфрлил од четата, имајќи го во предвид големиот углед што Добри Даскалов го имал во Тиквешијата. 

„Нашата борба е борба на целиот наш народ. Таа ја расчистува темнината и носи светол сончев ден - слободата...“

„Народот се бори за своја слобода, што ја сонува со векови...“

„Ние секогаш имаме предност пред аскерот и полицијата, зашто доброволно го жртвуваме животот за слобода. Тие се платени, ним им се мили парите и животот. Тие стравуваат од смртта и се плашат од борбата. Оваа предност треба да се користи...“

„Судбината на родната земја од поодамна е горчлива и трагична, а животот на народот преполн со пеколни патила и страданија, но никогаш како сега. Излез од ова ние наоѓаме во непомирлива борба - борба со еднаква жестина, како против султанскиот тирански режим, така и против врховизмот“

Добри Даскалов
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.