Среда, 09 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Петар Манџуков

petar-mandzukovПетар Георгиев Манџуков (с. Мирковци, Скопско, 27/13. VII. 1878 – ?/ 1. I.1966) – е македонски револуционер - анархист, активен учесник во македонското револуционерно движење во илинденскиот период. Бил активен член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женева, а повремено и придружник на Гоце Делчев. Автор е на мемоарската книга „Предвесници на бурата“, во која со префинет и истанчен вкус раскажува возбудливи настани од поновата историја на Македонија. Пишувал на бугарски и македонски јазик.

Петар Манџуков е роден во 1878 година во скопското село Мирковци на Скопска Црна Гора. Внук е на митрополитот Натанаил Охридски и Пловдивски од село Кучевиште (познат како Натанаил Кучевишки или Натанаил Зографски), кој го доведува уште како мал во Пловдив, каде завршува основно образование. Секогаш подружуван и задоен со македонски дух од страна на од својот вујко, митрополитот Натанаил, Манџуков една година во учебната 1894/95 учел во Военото училиште во Софија, каде за првпат учествува во патриотскиот кружок на Васил Главинов. Потоа продолжил во гимназијата во Пловдив, каде заедно со Михаил Герџиков го основаат првиот ученички анархистички кружок во Бугарија.

Поради револуционерна активност во месниот анархистички кружок, во есента 1895 година Манџуков бил истеран од V клас на пловдивската гимназија. Манџуков своето образование го продолжил во Казанлак и Лом, но ни таму не останува мирен и основа анархистички кружоци, кои подоцна ќе се прошират низ цела Бугарија. Откако повторно  бил исклучен од училиштето во Казанлак, по наредба на судот во Стара Загора, своето образование го продолжил во Лом. По завршувањето на Педагошкото училиште во 1898 година,  во Лом, заминал да студира хемија на Универзитет во Женева, Швајцарија, каде останува верен на своите револуционерни активности. Станува член на Македонскиот таен револуционерен комитет од Женава, на т.н. женевска група.

Основата на оваа женевска група е директно поврзана со тајниот кружок во Пловдивската гимназија од 1896 година. Иако поголем дел од групата се наоѓа на студија во Женева, всушност по доаѓањето на Михаил Герџиков и Петар Манџуков во 1898 година, а под влијание на руските револуционери со кои стапиле во контакт, го реорганизираат овој анархистички кружок во Женева кој имал за цел преку внатрешна револуција да ја ослободи Македонија.

Писмото на Петар Манџуков ипсратено до Константин Кирков најдобро зборува за ставот на МТРК во однос на начинот како треба да дојде ослободувањето на Македонија. Групата своето внимание го насочува кон Европа и нејзиниот однос кон македонското прашање, па затоа Манџуков меѓудругото во своето писмо вели: „.. Дотолку позагрижувачки е поведението на Европа која за сметка на своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во срцето на светот. Ми се чини дека нашата должност во моментот е борбата да ни биде свртена кон таа Европа која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со  Турците ќе биде беспредметна. .... Ние сакаме да жртвуваме сопствени, а не туѓи животи... и преку нашата крв да го свртиме вниманието и симпатиите на човекољубивата Европа .“

pecatМакедонски таен револуционерен комитет (МТРК) презема конкретни мерки за дооформувањето на организацијата и го формира весникот „Отм’штение“ (Одмазада) со поднаслов „Орган на македонските револиционери-терористи“. Петар Манџуков учествувал во уредувањето на весникот „Отм’штение“, а во тоа време ги превел од француски на бугарски брошурата на Себастиен Фор „Престапите на Бога“ и од руски „Речта на Емил Анри“. И двата преводи му ги доставил на Гоце Делчев за да ги публикува.

Кон крајот на 1898 година Петар Манџуков се вратил во Македонија, со задача да формира анархистички кружоци во Педагошкото училиште во Скопје и егзархиската гимназија во Солун. Во овој период  во Македонија доаѓа и Михаил Герџиков кој станува учител во Битола. На средбите на Герџиков со Гоце Делчев дошло до договор за за самораспуштање на МРТК и поголем број на нејзините дејци се приклучиле на Македонската револуционерна организација и Македонскиот комитет.

На почетокот на 1899 година, за време на учителствувањето во Скопје, Манџуков ја пишува брошурата „Азбука на анархистичкото учење“, потребна за пропагндни цели на формираниот анархистички кружок. Поради неговата револуционерна активност бил затворен, но по неколку месеци поминати во затвор, Манџуков бил ослободен поради недостиг од докази и во мај 1899 година е протеран во Бугарија. Таму се приклучува на четата на Гоце Делчев и заедно со него, Славе Мерџанов и Петар Соколов, неколку месеци крстосувал низ Македонија.

Иако МТРК не постигнал големи резултати, со својата дејност оставил силни траги врз македонското револуционерно движење. Оваа организација ја поставила идејната основа на Гемиџиите и директно влијаел врз нивната активност. Петар Манџуков и Славе Мерџанов се сметаат за основоположници на Гемиџиите. Ова најдобро може да се види од учеството во подготовките за диверзантските акции во Цариград во 1900 година.

Петар Манџуков кој учествувал многу активно во македонското револуционерно движење, не се откажал ниту основните начела МТРК, односно со разни активности да да се привлече вниманието на Европа. За таа цел кон крајот на 1889 и почетокот на 1890 година заедно со Славе Мерџанов тајно работат на прокопувањето на тунел до Отоманската банка за да ја минираат. Подоцна се приклучува и анархистот Павел Шатев. Акцијата доживеала целосен неуспех по случајното откривање на тунелот за време на пожар кој избувнал во близина на Отоманската банка. Главните актери биле уапсени, но по интервенција на бугарскиот дипломатски преставник Иван Гешов, тие биле екстрадирани во Бугарија.

Петар Манџуков не мирува ниту по ова апсење и продолжува да превзема нови акции. Иако бил против кревање на Илинденското востание, учествувал во извршувањето диверзии на железничките линии со што би се оневозможило префрлување на турските воени сили. Последната негова активност во 1903 година била кај градот Кулели Бургаз Тоа е воедно и неговата последна таква акција. Веста за смрта на Гемиџиите и неуспехот на Илинденското востание длабоко го потресува.

По повеќегодишен прекин, завршил шумарство во 1909 година на Универзитетот во Ненси во Франција и се вратил во Бугарија, каде што работел како шумарски инжинер. Меѓу двете светски војни живеел во Пловдив, каде што и починал во длабока старост, во 1966 година.

Петар Манџуков оставил зад себе богата прозна билетристика и мемоаристика, како и преписка со македонските револуционери. Спаѓа во категоријата автори со префинет и истенчен вкус. Автор е на две дела. Во 1947 година ја издава книгата „Одисеја на првите“ која е посветена на првите шумари на Бугарија и петтомна мемоарска проза „Предвесници на бурата“ (1993), каде раскажува возбудливи настани од поновата историја на Македонија. Оригиналот на ова дело заедно со целокупната пишана оставнина се наоѓа во архивот на градот Пловдив.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.