Среда, 02 Март 2011    PDF Печати Е-пошта
Зафир Хаџиманов

Zafir_Hadzimanov

Зафир ХАЏИМАНОВ, (Кавадарци, 12.XII. 1943) – е македонски автор и интерпретатор на популарна музика, актер, писател и почесен амбасадор на македонската култура во Белград. Дипломирал во 1967 година на Факултетот за драмски уметности во Белград. Уште како студент ја започнал својата естрадна кариера. Учествува и добива награди на фестивалите во: Белград, Загреб, Сплит, Скопје, Сопот (Полска), Варадеро (Куба). На филмското платно се јавува како главен протагонист во филмовите „Нож“ на Ж. Митровиќ и „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов. Подоцна настапува во голем број театарски престави на повеќе сцени, меѓу кои и во Бостон (САД). Својата сестраност ја манифестира пишувајќи и неколку збирки со поезија. Како пејач го обиколил целиот свет и настапил во: САД, Русија, Канада, Австралија, Куба, Франција, Австрија, Германија, Шведска и др.

Зафир Хаџиманов е роден  на 25 декември 1943 година, во Кавадарци, од татко Васил и мајката Вера. Расте и се воспитува во семејство каде на музиката и се посветува големо внимание. Неговиот татко Васил кој иако бил сестрано образован (студирал на Правниот и Филозовскиот факултет во Белград, магистрирал фармација во Загреб), најголем дел од животот и го посветил на музиката. Пред Втората светска војна Васил бил еден од првите македонски пејачи што снимал за Радио Белград и настапувал на повеќе концерти во странство, а во текот на својот живот собрал околу 8000 македонски и 700 албански народни песни.

Следејќи ги стапките на својот татко, Зафир Хаџиманов по завршувањето на гимназијата и музичкото училиште во Скопје, ги направи и првите успешни професионални чекори во светот на театарот и музиката. По матурирањето во скопската гимназија „Цветан Димов“ 1961/62 година, го положува приемниот испит и во 1962 година се запишува на Факултет на драмски уметности во Белград на одсекот глума. Дипломирал со одличен успех во класата на професорот Мате Милошевиќ.

Зафир Хаџиманов својата успешна професионална кариера ја започнува уште за време на своето студирање. Постигнува извонредни успеси како на театарската сцена, така и во светот на филмот и шоу бизнисот. Освојува значајни награди на сите тогашни југо фестивали во Белград, Загреб, Опатија, Сплит, Скопје. но и на интернационалните фестивал како  во Сопот (Полска) и Варадера (Куба). Игра главни улоги во филмовите Ж. Митровиќ „Нож“ и С. Попов „Македонска крвава свадба“.

Како интерпретатор на забавна музика и автор на текстови, Зафир ги снима своите први плочи уште во далечната 1963/64 година. Набргу ги освојува и своите први фестивалски награди. Со песната на А. Вучера „Зошто доаѓаш само со дождот“, ја освојува првата награда на фестивалот „Опатија 65“, а на Вечерта на шансоните „Загреб 1965“, ја освојува трета награда со песната на А. Дедиќ  „Човек како мене“. Истата година со уште пет најдобри студенти од Факултет за драмски уметности оди на повеќемесечно студиско патување во неколку универзитети во САД.

Неговите успешни настапи продолжуваат и во 1966 година. Настапува на фестивалите „Сплит 66“ и „Белградска пролет 66“, потоа на концерти, снима  плочи и ТВ програми. Заедно со група избрани уметници истата година гостува во париската „Олимпија“, а заминува и на својата прва турнеја во поренешниот СССР каде приватно и професионално се врзува со големата дива на тогашната југословенска музичка сцена и филмска глумица Сенка Велетанлиќ.

По завршувањето на студиите во 1967 година, Зафир Хаџиманов одвреме на време успешно се појавува на театарската и музичката сцена, како и во светот на филмот. На штиците кои живот значат, успешно игра на театарската сцена во Белград (Театарот на Теразие, Атеље 212), Скопје (Драмски театар), Нови Сад (СНП) и Бостон, САД (Forum Theatre).  Во 1967 година Зафир игра главни улоги во два филма „Нож“ на Ж, Митровиќ и „Македонска крвава свадба“ на Т. Попов, а  заедно со Сенка го имаат својот прв рецитал во театарот „Атеље 212“ во Белград, со кој постигнуваат голем успех. Истата година гостува и на меѓународните фестивали во Сопот (Полска) и Варадерта (Куба), каде ја освојува наградата за најпопуларен пејач на фестивалот.

Зафир Хаџиманов не ја заборава ни домашната македонска сцена. Во 1968 година игра главна улога во музичката комедија на Т. Арсовски и А. Џамбазов во „Драмскиот театар“ во Скопје, а во дует со Љупка Димитровска ја освојува првата награда на фестивалот „Скопје 68“. Во 1969 година повторно се појавува на филмското платно во филмот „Време без војна“, од Бранко Гапо. Таа година по втор пат заминува на турнеја во СССР, а на фестивалот во Опатија ќе ја испее песната на А. Корач, „Био е мај“, која ќе постане дефинитивно голем евергрин.

Почетоците на Зафир Хаџиманов како успешен кантаутор, се во далечните седумдесети години на минатиот век, кога ќе се појави  како автор на стихови и во тандем со композиторот Корач, Зафир ја освојува првата награда на скопскиот фестивал со песната „Земи момче македонче“, а потоа во 1971 година и со песмата „Панаѓур“. Како автор на „Како Вардар“, „Зошто“ и „Туѓа си“, наградуван е на скопскиот фестивал во 1972/73/74 година..

Во периодот по 1971 година интензивно работи на повеќе проекти. Пишува музика за филмот на П. Голубовиќ „(Не) Хигијенски навики на војниците“ каде игра главна улога, а настапува на бројни концерти. По трет пат госува и во СССР каде ги полни салите и добива прекрасни критики. Постигнува голем успех како дома така и во светот. Со сопругата Сенка за ТВ Белград. го снимаат првиот ТВ шоу во боја „Јас и мојата сенка“. Зафир Хаџиманов работи како музички уредник на ТВ Белград, каде од 1976 година интензивно пишува музика за разни програми и ТВ серии. По повод десетогодишнината од смрта на својот татко, Зафир во 1979 година го снима албумот „Песните на Васил ги пее Зафир“

Зафир Хаџиманов тргнат по стапките на својот татко, како никој друг од неговата бранша ја негува со посебна почит старата македонска песма. Познат во народпот како кантаутор кој е доминантен во светот на шансоните, односно поезија, компонира десетина шансони и балади од песни на македонските поети Константин Миладинов, Коста Рацин, Блаже Коневски, Аце Шопов и Радован Павловски. Еднакво е активен и плодотворен во компонирање на стиховите на големите светски и српски поети меѓу кои Милош Црњански, Душко Радовиќ, Десанка Максимовиќ, Бране Црнчевиќ и многу други. Како награда за неговата плодотворна активност, неговите витрини ги красат бројни награди и признанија од фестивалите на поезија и музика, од Струшките вечери на поезијата во 1975 година до Интернационалниот фестивал на шансонат во Загреб во 2003 и 2005 година.

Сам или во дует со својата сопруга Сенка Велентанлич – Хаџиманов, снимил повеќе ТВ програми и го поминал светот пеејќи на концертите во СССР, Франција, Германија, Шведска, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија, Бугарија, САД, Канада, Куба, Австралија и т.н.  Настапувал и раскошно ја сееше македонската музика на сцените како што Олимпија – Париз, Опера хаус – Сиднеј, Бољшој театар – Москва.

Зафир Хаџиманов паралелно со сценските и музичкото настапи, пишува и објавува поезија на македонски и српски јазик.  Во 1978 година излегува неговата првата збирка со стихови „Шансони на папиру“, по која е снимен истоимен албум и концерт на фестивалот „Белградска пролет 78“. Од од 1980 до 1990 година Зафир објавува три поетски книги, меѓу кои „Пас певачица“ (Плакета за најдобра книга на поезија „Стражилово“ во 1984 година), „Азил“ и  „Народен пејач“. Сокоја од овие три книги била пропратена со аудио издание на плоча или касета, и бројни коцертни настапи.

Во периодот на распадот на Југославија, од 1990 до 2000 година, Зафир се враќа на театарот и филмот. Најпрво игра како јеромонах во филмот на Бранко Гапо „Македонска сага“, а потоа игра во преставите  „Виолинист на покривот“ и „Човекот од Ла Манча“, во СНП, Нови Сад. Постигнува врвен успех, за што говорат добрите критики и преполните сали. Од друга стран тој продолжува со публикувањето на свои дела. Во 1994 година ја објавува првата книга проза „Кисело весело“, а во 1997 година книгата со избрани и нови песни „Брат“.  Со песмата „Са ноќ седам“ ќе влезе меѓу пеесете одбрани македонски поети на сите времиња во антологијата на тонското издание на Македонското Радио. Автор е на текст, стихови и музика на првиот македонски мјузикл „Ало будење“.

Во 2007 година објавува CD со своите најголеми фестивалски успеси „Био је Мај“ (PGP – RTS) и CD со најубавите македонски балади „Од љубов не се бега“ (TAKE IT OR LIVE IT). Во 2008. Година објавува книга и CD „Македонија пее “ во соработка со Министерството за наука и образование на Република Македонија. Истата година, за улогата во мјузиклот „Les miserables“ ја добива големата награда на Опера театарот MADLENIJANUM за врвно глумечко и пејачко остварување. Во 2009 година Македонски издавачки центар во Србија му издаде двојазично издание на неговиот мјузикл „Ало будење“ со ЦД и нотна тетратка со сите сонгови .

Зафир Хаџиманов е почесен претседател е на српско-македонското друштво „Шар Планина“. Вредно работеше на неколку културни уметнички проекти како што е например Илинденскиот собир кој постана дел од Белградското културно лето, потоа традиционалната македонска вечер на денот на Свети Климент „Вечерва Вардар низ Белград нека тече“ и вечер на поезијата и виното „Од њубов не се бега“.

За својата работа Зафир Хаџиманов е добитник на повеќе награди како што се: Наградата на Југословенската естрада и прогласен е за Истакнат уметник на Србија; Наградата за животно дело на скопското Радио Буба во 2002 година; Мара;  Награда за животно дело, по гласање на гледачите на ТВ Јесењин, Нови Сад 2003 година и  во 2006 година наградата „Златна маска“ за ширење на македонската култура по светот. Покрај неколкуте награди за животно дело и Владата на Република Македонија во 2009 година го прогласува за Амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.

По стапките на својот татко и дедо Васил, денес се движи синот на Зафир и Сенка, Васил Хаџиманов, пијанист и  композитор.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.