Среда, 30 Мај 2012    PDF Печати Е-пошта
Паскал Сотировски
Паскал Сотировски (23. XI 1927 - 20. II 2003)  - македонски и светски познат научник – астрофизичар.

paskal8Д-р. Сотировски бил професор на Сорбона и член на МАНУ надвор од работниот состав. Работел во Опсерваторијата во Медон крај Париз, главно на изучувањето на зрачењето што потекнува од површината на Сонцето. Објавил таблици на спектрите од двоатомни молекули присутни на сончевата површина.

Паскал Сотировски е роден на 23 ноември 1927 година во селото Врбен, Гостиварско. Основното образование го започува во родното село, а потоа завршува три класа гимназија во Горни Милановац. Своето образование го продолжува на Учителската школа во Белград, а по завршувањето бил поставен за учител во Бела Цеква во училиштето за деца од Македонија.

Во 1950 година Сотировски станува редовен студент на Групата за физика на Филозофскиот факултет во Скопје. По дипломирањето во 1957 година, се вработува како професор по физика во гимназијата „Јосип Броз Тито“. Во 1960 година, по неколку години поминати во скопската гимназија, Сотировски бил назначен за асистент по астрофизика на Природно-математичкиот факултете во Скопје, а веќе во наредната 1961 година бил испратен на специјализација по астрофизика во Сорбона, Париз.

Дипломирал астрофизика во 1964 година, а во 1971 година Паскал Сотировски докторирал на тема од областа на физиката на Сонцето. По докторирањето тој станува член на Францускиот Национален центар за научни истражувања и член на Одделението за соларна и планетарна астрономија на Франција. Иако носталгијата го влече дома, Сотировски останува да работи во Франција.

Во Опсерваторијата во Медон крај Париз, д-р Паска Сотировски своето истражување го насочува на изучувањето на зрачењето што потекнува од површината на Сонцето. Спектроскопијата на Сончевите дамки и Сончевите ерупции, влијанието на Сонцето врз земјата и емитувањето на неутрината, стануваат негова главна животна преокупација. Како резултат на ова истражување, тој објавува таблици на спектрите од двоатомни молекули присутни на сончевата површина. Своите трудови тој ги објавува во сите научни списанија ширум светот и држи предавања во Америка, Индија, Јапонија, Русија.

Д-р Сотировски за својата научна работа се стекнува со високи признанија во светските научни кругови. Иако станува научник од светски ранг, д-р Паскал Сотировски никогаш не ја заборавил својата татковина. Постојано оддржува контакти и доаѓа во Македонија. Во 1991 година тој бил избран за член на МАНУ, надвор од работниот состав.

Овој светски научник со македонско потекло, посебно бил заинтересиран за рудникот „Алшар“. Во него тој ја барал потврдата на неговите истражувања, а со тоа и одговорот на прашањето кои со векови ја окупирал научната јавност. Според д-р Паскал Сотировски во рудникот Алшар лежел клучот за разрешување на вечната тајна на Сонцето.

Тој како и другите научници се интересирал што точно се случува во центарот на Сонцето, а единствената честичка која за тоа можела да даде одговор било неутриното. Меѓутоа, за да се улови оваа фантомска честичка, без маса и полнеж, која на земјата доаѓа со брзина на светлоста и за која нема препрека, а со тоа и да се дознае во која фаза се наоѓа сончевото јадро, била потребна ретката руда на талиумот, лорандитот, кој се наоѓа токму во рудникот „Алшар“.

Интересот кај д-р Паскал Сотировски за спроведувањето на вакви важни експерименти со кои би се раоткрила мистеријата и потврдила теоријата, бил огромен. Тој како Македонец чуствува дека одговорот на ова прашање треба да го бара во својата татковина, во земја на фантастичниот лорандит и земја на Сонцето. Нешто неможело да го попречи во барањето на одговорот освен смрта.

Големиот македонски и светски научник, експерт за Сонцето почина на 20 февруари 2003 година во Париз. Тогаш згасна неговата звезда, но останаа претпоставките  дека нашето Сонце ќе ја грее планетата Земја уште многу, многу милиони години.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.