Среда, 19 Декември 2012    PDF Печати Е-пошта
Тале Огненовски

tale-ognenovskiТале Огненовски (27. IV. 1922 – 19. VI. 2012) е македонски кларинетист еден од најзначајните фолк музичари. Спаѓа во редот на најголемите инструменталисти и композитори во светската музика. Поседувал посебна техника, инвентивност и импресивна виртуозност, што го прави еден од најдобрите пртставници во свирење на кларинет. Тој ја поврзувал ориенталната и западната музика, а се експонирал и во компонирањето за кларинет. Тале е првиот солист на кларинет што изведува класичен концерт за кларинет во Македонија, а неговите ора се изведувани на концерти во Австрија, Велика Британија, Франција, Швајцарија, Шведска, Финска, Данска... Огненовски беше еден од најголемите културни амбасадори на Македонија.

Тале Огненовски е роден на 27 април 1922 година во селото Брусник, Битолско. Својот талент го наследил од прадедото Огнен и дедото Ристе, кои свиреле на кавал. Татко му Јован кој свирел на гајда, на петгодишниот Тале, прво му купил дајре, а потоа и кавал. Почнал да свири со седум години, а согледувајќи го неговиот музичкиот талент, бабата Мара и мајка му Вана, во 1937 година му го купиле првиот кларинет. Заедно со други музичари, Тале почнал да свири со кларинетот на многу прослави во селото Брусник и во градот Битола.

Неговиот талент доаѓа до израз на првиот регионален фестивал на народни песни и ора одржан од 9 до 11 октомври 1947 година во Битола, каде Тале Огненовски ја освојува првата награда. Тој го потврдува својот музички талент веќе наредната 1948 година, кога ја освојува првата награда за кларинет на првиот Македонски фестивал за народни игри и песни во Скопје. Во конкуренција на 85 играорни групи од поранешните југословенски републики, Тале со 11 членови на народната играорна група од Нижеполе, во 1951 година ја освојуваат првата награда на Југословенскиот народен музички фестивал во Опатија. Изведбата на Тале Огненовски со својот кларинет го привлекува вниманието на уредниците на весникот за Меѓународната фолк музика, кои ќе забележат дека „Тешкото“ од Нижополе (Битола) има тежок ритам кој е типичен за многу древни (антички) танци.

Од 1951 до 1954 година, Тале Огненовски бил член на Полициски дувачки оркестар, а од 1954 до 1965 година работел со оркестарот на Град Скопје. Тој го изведувал репертоарот и на двата оркестра кој се состоел од класични дела. Тале е првиот солист на кларинет што изведува класичен концерт за кларинет во Македонија. Во 1952 година, придружуван од пијанистот Нино Ципушев, Тале Огненовски како солист на кларинет го изведува „Концертот Полка за кларинет“ од Милер Бела, со голем успех. Наредната година, во придружба на Полицискиот дувачки оркестар, тој го повторува концертот во зградата на Радио Скопје, од каде бил директно емитуван до нацијата.

Во 1955 година, како виртуозен солист на кларинет во филмот „Ритам и звук“ на „Вардар филм“ со Македонскиот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ ги изведува македонските народни ора: „Женско чамче“, „Беранче“ и други.

Од 1956 до 1960 година Тале Огненовски работел со македонскиот државен ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Од особено значење е членувањето во оркестарот на Државниот ансамбл „Танец“. Првата турнеја на Тале Огненовски со ансамблот „Танец“ била кон крајот на 1955 година во Бугарија, а на почетокот на 1956 година тој со ансамблот бил во САД и Канада, каде за 84 дена, биле одржани 66 концерти во 53 града. Тале посебно се истакнува со својата изведба, а посебно останува запаметен неговиот настап во Корнеги хол за кој се здобил со извонредни оценки од публиката и критиката. Ансамблот „Танец“ го повторува успехот, прво на турнејата во Германија, каде се одржани 72 концерти истата година, и потоа на турнејата во Франција во 1959 година, каде со одржани 83 концерти. Во овој период, со ансамблот на Танец тој гостува во повеќе европски земји како и во поранешните југословенски републики.

Од 1960 до 1967 година, Тале Огненовски работи во Македонската Радио и Телевизија (ТВ МРТ), а во 1966 година бил поставен за раководител на „Народниот музички оркестар“ при МРТ. Во 1967 година тој бил пензиониран, но продолжува да соработува со оркестарот на МРТ „Чалгии“ се` до 1979 година.

Тале Огненовски има компонирано повеќе од 150 македонски ора. Автор е на популарните ора „Мицино“, „Невенино“, „Пелистерско“,  „Стевчево“, „Талево свадбарско“, „Цапарско“ и други. Во 1965 година, Тале Огненовски го формира својот „Тале Огненовски Оркестар“ во Скопје и снима грамофонска плоча во Радио-телевизија Белград, Југославија. Снимил над 30 грамофонски плочи и касети. Неговите снимки за Радио-телевизија Белград, Југотон, МРТ се уникатни композиции, инспирирани од македонската фолклорна музика. Автор е на нотната збирка „Македонски ора“ (1989) со 80 ора.

Македонските ора на Тале Огненовски се изведувани во Австрија, Велика Британија, Франција, Швајцарија, Шведска, Финска, Данска. На меѓународната сцена, Огненовски беше оценуван како еден од најголемите културни амбасадори на Македонија, а критиката го опишуваше како еден од најголемите композитори во светот на музиката.

Во текот на својата долга и богата музичка кариера, покрај музиката од македонскиот фолклор, Огненовски има изведено класичен концерт и повеќе џез-композиции. Од класичната музика ги свири Вебер, Моцарт и други, а од џез музиката Бени Гудман, Арти Шо и други.

До самиот крај на животот, Огненовски не престана да твори. Во декември 2005 година го издал албумот „Џез, македонски ора и класична музика“, а во 2006 година, по повод 250 годишнината од раѓањето на големиот композитор Амадеус Моцарт, го издаде албумот „Моцарт и концертите  на кларинет на Огненовски“. Како продолжение на овие два албума, во 2008 година излегува неговиот нов албум „Македонски џез-композиции за кларинет од Тале Огненовски“, во кој тој настапува со неговиот семеен квартет: Тале Огненовски на кларинет, флејта, зурла, мала гајда и тапан, неговиот син Стеван Огненовски на флејта и тапан и неговите внуци Никола и Климент Огненовски на флејта.

Албумот „Македонски џез-композиции за кларинет од Тале Огненовски“ добива исклучителни оценки од музичките критичари. Странските медиумите бележат дека неговата музика е безвременска и дека „Тој е најголемиот кларинетист, флејтист, зурлист и гајдист на сите времиња, демонстрирајќи уникатни вештини, богатство на изуми, извонредна импровизациска виртуозност и извонредна музичка способност во сите области на музиката“. Во Македонија тој е оценет како  еден од последните чувари на македонскиот звук, особено изразено во однос на чалгијата.

Тале Огненовски почина на 19 јуни 2012 година, на 90 години. Пребогатиот опус кој го остави зас себе, го прават Тале Огненовски Моцарт на македонската музика. Во текот на животот добива голем број награди и почести: Прва награда кларинет, за најдобар кларинетист на првиот Македонски фестивал за народни игри и песни (1948), Прва награда на Југословенскиот фолклорен музички фестивал во Опатија (1951), Естрадна награда на Југославија (1978), Почесна естрадна награда на Македонија (1996). За неговите заслуги во развојот на македонската музика добитник е на наградата „11 Октомври“ 2003, а во март 2012 му била доделена и национална пензија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.