Од кога се родив и очи за прв пат отворив и те видов,ти како со твојот поглед срце ми запали и ме натера иако бев толку мала да прозборам, да викам колку можам на цел глас се родив во Македонија, луѓе ме слушате ли се роди нова Македонска ѕвезда.
Од кога пораснав сакам секој ден да те гледам се водушевувам од твојата убавина си помислувам дека секогаш си лична насмеана, распеана волшебна со твоите води таму каде твоето име во мене се роди. Твојата Историја твоето минато и сегашност немир ми сторија од како знам за тебе немам мирен сон срце ми трепери да ти шепнам тивко само моја си.
Иако си мала колку една педа но за мене поубавa и посакана друга нема и така и денес и утре и секој ден со надеш и радост чекам да ме прегрнеш па да кажам на сите доста беше делење парчење преименувајне знаме менување дај ве молам еднаш признајте ја мајка наша мила што со векови на Балканот се била друга неможе мајка да ни биде и од душмани в срце да не крие
Послушајте вие проклети душмани Македонско знаме ќе се вее Македонска песнa Македонија и Македонски јазик вечно ќе живее Не даваме ни денес ни утре и така секој ден име да ни сменат нити пак Вардарот да ни го делаат
Во светски војни Македонци биле и името не го промениле под Турците пет векови цели Македонско име не се смени Македонијо мајко моја никој нема право да те крсти прекрстува море нека тепа отепува Македонијо само тебе тe сакам јас се додека ова срце чука ти ќе живееш вечно во него тукa.
Ленче Клекачкоска
|