|
||||
Не можам без Македонија |
Не можам без Македонија Додека дишам нема да те избришам, ти си мојот лек, за секоја моја болка Ти ми си воздух кој јас го дишам, ти си замена за секоја љубов, ти си ми утеха во секоја моја незгода, ти си ми тоа што ме воздигнува, ти си со мене а јас со тебе за добро и лошо ти си моја мајка земјо моја најсакана не можам да живеам без тебе , а Македонската музика, песна и јазик се мојот живот. Радоста среќта и љубовта секогаш нека цвета во нашите Македонски срца животот на секој Македонец да тече како моќ на река која нема да знае за препреки на својот пат На ведрото небо над нашите глави секогаш да биде напишано само едно име Македонија и оганот на нашата љубов за Македонија од ден на ден се повеќе да распламтува! Ленче Клекачкоска |