Виолета Петковска
Не те сакаат ниту денот ниту ноќта
Стоиш пред мене и думи кажуваш лажни, ти црн клет душману, без со око да трепнеш, лажеш. Ми кажуваш дека ропството е слобода! Омразата е љубов! Понижувањето гордост! А, да си горд било срам! За срамот кажуваш не е срам!
Да бидеш одрод, било добрина послана со златно жито! Да си патриот кој си ја врежал татковината во своето срце, со безусловна љубов, не личело!
Да си го кудиш брата си пред душманот, а душманот да го величиш, така требало!
Каде ќе ти оди душата кога домот свој го урнисуваш, ги отвараш сите врати секој да влезе и со твојата мајка да блудничи кој колку сака!
Закопан во твоите Мрачни мисли и злонамери, не го слушаш плачот од гробовите на мртвите прадедовци и јунаци кои умреле за татковината!
Го слушаш ли тажниот лелек на мајките чии синови си ги закопале пред и првата љубов да ја сетат, прво чедо во рацете да си гушнат.
Ги слушаш ли клетвите на невестите чии што мажи пред зората биле убиени и нов ден не дочекале за да се разбудат до своите сопруги. заради Македонија!
Те колне и црната земја душману. Не те сака ниту денот ниту ноќта. Те мрази и сопствениот живот што го живееш предавнички. Те водат црните сенки на демоните, блиску си до оштрите карпи сурови, таму ќе биде твојот крај, тие ќе ти пресудат за сите твои гревови!! |