Заминав едно пладне пролетно Со куфер полн спомени На мојата земја, Моите родители, роднини, браќа и да го отвориш денес тие спомени се се уште таму не исчезнуваат, не бледеат тие се вистински, засекогаш во срцето и не венеат.
Македонци насекаде Се радуваат со своето име Пеат македонски песни Зборуваат Македонски јазик Слават празници, религиозни и национални Веат знамиња црвени и жолти, Се гордеат на херои славни,
се гордеат со земјата родна.
Но зошто ви требаше нов договор сега? Со тирани кои грабеа и крадеа Убиваа, протераа стотици илјади невини Мажи, жени, деца Да талкаат по светот Се бараат и патат Не можат пак на огниште свое да се вратат.
Отфрлете ја омразата клета Здружете се сите како еден Нема место за поделби нови Нема место за тирани клети Спротивставете се на злото Кое ви го припрема некој,
одбранете ја земјата наша света.
Кој треба да ви каже Да се наречете нешто друго Зарем не знаете кои сте ? Зарем немате почит кон себе Кон коренот свој Кон својата историја Кон претците кои се бореа Се жртвуваа, изумреа За таа земја Македонија?
И јас пак сакам да се вратам На тоа парче македонска земја Каде се родив и израснав На тоа парче македонска земја Каде секое камче историја преде И никој нема право да го одземе.
Слава и чест на нашите претци Нивниот спомен, незаборав вечен, Како најубав шарен цвет Да остане така признат во цел свет. И тешкото стана најтешко По чија вина? Во најтешкото следува пак борба Не останувајте слепи и неми, несвесни Запливани во матни немирни води. Станете Македонци ширум светот Од секое срце се уште клика
Родната земја Македонија се вика!
Гордана Димовска |