|
||||
На Војводата |
Многу години се превртеле кобни ветришта само дуваат ладни од врагот само зулуми злобни те чекаат деца неможни и гладни. Од врагот минуваат колони строј убиваат, с# од село грабаат кој ќе ги штити децата твои кога овде гнасни чизми владаат. Во очите не осеќам повеќе жал претрпнав, повеќе не можам да плачам во срцето ми остана жар Стојанчо, до кога вака ќе се мачам. Еве полињата стануваат жешки земјата стенка, од суша пука твоите зборови ги осеќам тешки ме тешиш и велиш слободата е тука. Остави в планина пушка куса врати се во домот твој ќе ми осветлиш поцрнета душа синот твој на прагот со пушка стои. В село голема врева се дигна пукот зарика од сите страни со чета силна ти брзо стигна се отворија секаде крвави рани. За час светлото сонце блесна чиниш омразата се скрила ти под борбеното знаме со песна ја прегрна слободата мила. Горнан Јовановски Брамтон, Канада |