|
||||
ПО ТРАГИТЕ НА ГОЛЕМА ЛАГА |
Томе Велков ПО ТРАГИТЕ НА ГОЛЕМА ЛАГА Велат дека сме измислен род Велат дека немаме иднина Тоа е добро за нас Колку повеќе ни го спомнуваат името Толку повеќе осознаваат за нас Но вината не е кај нив Туку кај нас Не растегнуваат од меѓа до меѓа Од граница до граница Од континент до континент Затоа не’ има на секое свето место Кај што човекот направил покрив А ние засадиле љубов Тајната за нас не е кај вас Туку кај нас- Не ја спознавме Зашто бевме неуќи Незаситеноста е желба за уште - Бес на сатрапите за се’ што е наше Злодејците од ист род Ни ја пијат крвта Во тунелот на надеждта И понатака ќе ја голтаме лагата за нас Како вистина Зашто империјални ветрови Ни ја дуваат свестта Во хаотично анархиситично Апокалиптично видение Но вината не е кај нив Туку кај нас. Од необјавената Таа чудесна земја |