|
||||
Дамјан Груев- РОДЕН РЕВОЛУЦИОНЕР |
На Дамјан Груев- РОДЕН РЕВОЛУЦИОНЕР Се родил во срцето На родината А каде била негова вината Го љубел народот свој И татковината... Во него греел само сјајот И љубов за родот До бескрајот... Умен, кумуникативен Слаткоумен, внимателен Авторитетен, реалистичен... Вроден и сјаен агитатор Неуморен организатор... Од Смилево и Битола Штип, Белград, Солун и Софија Учел учителствувал и студирал Народ за борба организирал Против Султан-Империја И бугарска Егзархија Преку македонска Револуционерна организација Смирен одважен и одмерен Ризик од предавства бил отворен Години минати Во битолските зандани И во Подрум Кале... Предавници алчни За грст жолтици го предале Силен, поискусен, поискален Од робија Војводата се враќа Рамо до рамо во борба Со родните браќа. Илинден се разгорува Се тресе Империја Република прва На балканот се раѓа Но брзо во темнина пак паѓа... Војводата не се мири Со судбината Ја крстари Македонија, Малишевијата... Предаден ил Аскерски обрач случаен Затекнат Даме во Русиново село Во бој нерамен... Кон Петлец Тежок пробив прави Низ куршуми рој Од дружина мала Жив останува само тој. Одлука и пресуда смела Донесува така Жив непѓа во аскерска рака... Ако Гоце беше срцето А Ѓорчев - разумот Пере - совеста Даме беше Волјата на револуцијата! Изгинаа млади За слободата, За идеалите, За иднината На Татковината... Перо Дамчевски-Коцин |