|
||||
Најстарата запишана Македонска љубовна поезија |
Најстарата запишана Македонска љубовна поезија потекнува од Костурско Беломорска Македонија, напишана на Костурски дијалект, напишана е во 16тиот век во речник кој е составен во Костурско, а денес се чува во Ватиканската библиотека. “Тако ти бога девојко” Тако ти Бога, девојко, Што си лепа, што си, ле, бела, Ела мое паригорие, Што си лепа, што си ле бела, До кога серденце моја, Што си лепа, што си ле бела, Во ракописниот оддел на Апостолската библиотека во Ватикан се пази кодекс со 152 од Archivio San Pietro, со препис на Грчки јазик на л. 222, во кој Силвестер, велик протосингел во Ерусалим, објаснува дека го подарува речникот на црквата “Свети Петар” во Рим, во 1620та година. Некои од останите запишани фрази во речникот: (3) да си здрав, (4) да си прост, (5) Ела да јаме (6) и да пијеме, (7) дот да појдиме (8) да работиме, (9) имате хл'аб да купиме, (10) имате вино да купиме, (11) остави ни да спијме, (12) од која страна да појдиме во Богаско, (13) тахте да фтасаме дур вечер, (14) да се прост да спиме туа, (311) што е зучил, (312) што се зучиле. Изразите 311 и 312 значат “Што изучил, што изучиле” и покажуваат интерес за образование. Песната “Тако ти бога девојко” е напишана на Старо Македонски јазик, со Грчки букви, без превод на Грчки јазик: ...Τάκο τι μπόγα ντεβόῑκο, |