|
||||
Н Е М А И Д Н И Н А |
Македонија тешка трагедија ја снајде на дно човечко таа да се најде, од своите полтронски политичари и заведени историски јаничари. Во Мала Преспа појдоа со предавници се гушнаа и тешки зборови се слушнаа: Античката историја ќе си ја згрстиме, а вас со ново име ќе ве крстиме! Ево сега и Ганчовци не фатија на повторен испит не пратија, побараа насила јазик да ни земат и од картата земна нас да не снемат. А пак Македонците во дијаспората со Македонија се гордееа, на протести славни песни и пееа и од диви ѕверови ја бранеа. Жално за Македонија и Македонците со договорите што ги поставија без Егејци и Пиринци не оставија па така во дваесет и првиот век постанавме феномен за целиот свет. Ристо ГАЛЕВСКИ – Сиднеј |