|
||||
КОРЕНОТ НА МОИТЕ КОРЕНИ |
КОРЕНОТ НА МОИТЕ КОРЕНИ Шетав сама во пустата ноќ, градот Воден беше во моите мисли. Тогаш бев многу среќна! Мислев на Воден, мислев на гнездото на моите дедовци кое пуштило корени длабоко, длабоко некаде до дното на моето срце! Мислев на коренот на моите корени. Во себе чувствувам тага, тивка жал ме обвива, во срцето пожар ми пламнува. Ќе дојде ли ден да се вратат? - прашуваат стеблата. Моите другарки од хоризонтот небото го чуваат, а ноќта доаѓа нечујно, глуво ... Патиштата издолжени, газат изморени. Во сонот молкна шумот, а тишината ја исполнува љубовта кон мојата татковина Македонија! Автор Благојка Филипчева |