|
||||
САВО КОСТАДИНОВСКИ: НАРОДНИТЕ ПРАЗНИЦИ И ОБИЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА |
САВО КОСТАДИНОВСКИ НАРОДНИТЕ ПРАЗНИЦИ И ОБИЧАИ ВО МАКЕДОНИЈА
Со Христовата света рожба, а со него и христијанската вера, целиот свет зачекорил во ново време, во нова ера. Се родиле и низа празници редум, во чест на Христос и Богородица света. Ги празнува нив и македонскиот народ, како сите христијани по цела планета. Кога црковни, кога народни празници; кога обичаи, познати од века; ги слави нашиот македонски народ - со искрена радост постојано ги чека.
БАДНИК Во чест на христовото рождество, нашиот Бог вечен, секоја година се празнува бадникова вечер. Молбено, пред икона секој пали свеќа. За деца, за млади и стари, секој да има среќа. Се дели кравајче со сребрена пара, „касмет“ за оној што ја зеде! Надвор се пали коледарски оган, и гласно се пее „Коледе-леде“! Вечерта свечена вечера следи, пред јадење се моли и се крсти, во име на христијанската вера, во име на трите крстни прсти.
БОЖИК Ние, христијаните од целиот свет, со гордост Божик го славиме, и на таков величествен начин голема почит му оддаваме. На Божик е роден Христос од Богородица Марија Света, и за себе оставил слава за многу вечни лета. Во името на божјиот син уште многу празници празнуваме: Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Крстовден, Духовден, сите ги чествуваме. |