|
||||
ВОДИЦИ |
САВО КОСТАДИНОВСКИ ВОДИЦИ Во водата на реката Јордан, по бела дневна светлина, Исус Христос бил крстен во неговата татковина. Тоа е поводот, ете, Водици што ги славиме во чест на спасителот Христос секоја година почит му правиме. Воопшто не е случајно што „две Водици“ има: ги викаме „машки“ и „женски“ и обете паѓаат в зима. |